Parallel

Матеј 26

26
Заговор против Исус
(Мк 14,1-2; Лк 22,1-2; Јн 11,45-53)
1 # 11,1; 13,53 И кога ги заврши Исус сите овие зборови, им рече на учениците Свои: 2#16,21; 2 Мојс 12,1-27; Лк 24,7.20; Јн 19,16„Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде пре­да­ден на распнување.“ 3#26,57; Пс 2,2; Дела 4,26-27Тогаш првосвештениците, книжни­ците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа, 4#Пс 30,13; Јн 11,53; Дела 9,23и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат; 5#Јн 11,55но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“
Помазанието во Витанија
(Мк 14,3-9; Јн 12,1-8)
6 # 21,17 А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, 7#Лк 7,36-38Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата. 8И кога го видоа тоа учениците Негови, негодуваа и рекоа: „Какво е тоа растурање? 9#19,21; Јн 12,5Зашто тоа миро можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите.“ 10Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело кон Мене! 11#5 Мојс 15,11Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; 12#Јн 12,3таа, излевајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погреб. 13#24,14Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“
Договор за предавство на Исус
(Мк 14,10-11; Лк 22,3-6)
14 # Јн 6,71 Тогаш еден од дванаесетмината, по има Јуда Искариотски, отиде кај прво­свеш­те­ниците 15#1 Мојс 37,28; Зах 11,12и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници. 16#21,46И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
Подготовка на Пасхалната вечера
(Мк 14,12-16; Лк 22,7-13)
17 # 2 Мојс 12,1-14; 12,20; Мк 14,1.12; Јн 19,14; Дела 12,3; 1 Кор 5,7-8 А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исус учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да ти приготвиме да јадеш Пасха?“ 18#Јн 2,4; 7,30; 13,1Тој им рече: „Одете в град кај тој и тој човек и кажете му: ‚Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои.‘“ 19#21,6Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.
Исус го посочува предавникот
(Мк 14,17-21; Лк 22,14.21-23; Јн 13,21-30)
20 # Лк 22,14 Кога се стемни, Тој седна на трпезата со дванаесетте. 21#Јн 13,21И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“ 22Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“ 23#Пс 40,9; Јн 13,18; 17,12А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде. 24#8,20; 18,6; Ис 53,9Синот, пак, Човечки, си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; по­доб­ро ќе беше за тој човек да не се беше родил.“ 25#10,4А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?“ Му одгово­ри: „Ти рече.“
Востановување на Светата Евхаристија
(Мк 14,22-26; Лк 22,14-20; 1 Кор 11,23-25)
26 # Јн 6,51-58; 1 Кор 10,16 # 14,19 И кога јадеа, Исус зеде леб, го бла­гослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, ја­дете, ова е Моето тело.“ 27И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите; 28#20,28; 2 Мојс 24,8; Ис 53,12; Ер 31,31; Зах 9,11; Мк 1,4; Лк 1,77; 24,47; Дела 2,38; 5,31; 10,43; 13,38; 26,18; Ефес 1,7; Кол 1,14; Евр 9,20.22; 10,18; 12,24зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите. 29#8,11; 1 Кор 11,26И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.“ 30#Јн 18,1И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
Навестување за Петровото одрекување
(Мк 14,27-31; Лк 22,31-34; Јн 13,36-38)
31 # 5,29; 11,6; Зах 13,7 Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене уште оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘ 32#28,7А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“ 33#4,18Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.“ 34#26,69-75Исус му рече: „Вистина, ти велам: оваа ноќ уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 35Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе!“ Истото го рекоа и сите ученици.
Исусовата молитва во Гетсиманија
(Мк 14,32-42; Лк 22,39-46)
36 # 14,23; 1 Мојс 22,5; Јн 18,1; Евр 5,7-8 Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.“ 37#17,1И кога ги поведе со себе Петар и двајцата Заведееви синови, се натажи и почна да тагува. 38#24,42; 3 Цар 19,4; Пс 41,5.11; 43,5; Јн 12,27Тогаш Исус им рече: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене!“ 39#20,22; Јн 4,34; Рим 5,19 Оддалечувајќи се малку, падна на лицето свое; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но, не како Јас што сакам, туку како Ти.“ 40Па дојде кај учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни!? 41#6,13; Лк 11,1-4; Рим 7,5Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“ 42#Фил 2,8Пак и по втор пат отиде и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да ме одмине оваа чаша без да ја пијам, нека биде волјата Твоја!“ 43#Лк 9,32Кога дојде, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале. 44#2 Кор 12,8Откако ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови. 45#Лк 9,44; Јн 13,1; 14,30Тогаш пак дојде кај учениците Свои и им рече: „Сѐ уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешниците. 46#Јн 14,31Станете, да одиме! Ете, се приближува оној што Ме предава.“
Исусовото приведување
(Мк 14,43-50; Лк 22,47-53; Јн 18,3-12)
47 # 10,4 Додека Тој уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу луѓе со мечеви и стапови, ис­пратени од првосвештени­ците и старешините народни. 48А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Фатете Го Тој што ќе го целивам!“ 49#2 Цар 20,9-10И веднаш му пријде на Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива. 50#1 Мојс 26,27А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, поло­жија раце на Исус и Го фатија. 51#Јн 18,26И ете, еден од оние што беа со Исус, протегна рака и го извади ножот свој, па го удри слугата на првосвеш­теникот, и му го отсече увото. 52#1 Мојс 9,6; Откр 13,10Тогаш Исус му рече: „Врати го но­жот на неговото место. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; 53#Јн 18,36или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? 54#Лк 24,26-27Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“ 55#Лк 19,47; 21,37; Јн 18,20Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте. 56#1,22; Зах 13,7; Јн 16,32Но сето тоа стана за да се исполнат пророчките Писма.“ Тогаш сите уче­ници Го оставија и се разбегаа.
Сослушувањето на Исус пред Синедрионот#26,56 Големиот Совет
(Мк 14,53-65; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)
57 # 26,3; Лк 3,2; Јн 11,49; Дела 4,6 А оние што Го фатија Исус, Го одведоа кај првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините. 58Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со слугите за да го види крајот. 59А првосвештениците и стареши­ните, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус за да Го погубат 60#3 Цар 21,10; Пс 26,12; Дела 6,13и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца лажни сведоци 61#24,2-3; 27,40; Јн 2,19; Дела 6,14и рекоа: „Овој кажа: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.‘“ 62Тогаш стана првосвештеникот и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“ 63#4,3; 14,33; 27,12.14; Ис 53,7Но Исус молчеше. А првосвеш­те­никот Му рече: „Те заколнувам во жи­виот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?“ 64#8,20; 22,44; Пс 110,1; Дан 7,13; Евр 1,3Исус му одговори: „Ти рече! Но, јас ви велам: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“ 65#3 Мојс 24,16#4 Мојс 14,6; 2 Цар 13,19; Ер 36,24; 1 Езд 9,3Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење! 66#Ер 26,11; Дела 2,23Што мислите?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“ 67#Лк 22,64#27,30; Ис 50,6; 52,14Тогаш Го плукаа в лице и Го тепаа, а други Го удираа по образите 68и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
Петровото откажување
(Мк 14,66-72; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)
69А Петар седеше надвор во дворот. И му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Гали­леецот!“ 70Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ 71#2,23А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“ 72Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“ 73Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и го­ворот твој те издава!“ 74#Јн 13,38Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел. 75#26,34; Лк 22,34; Јн 13,38И се сети Петар на Исусовите збо­рови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Ме­не.“ Па излезе надвор и горко плачеше.