15
Исус ги отфрла човечките обичаи
(Мк 7,1-13)
1Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи: 2#2 Мојс 30,18-21; Лк 11,38; Гал 1,14; Кол 2,8„Зошто учениците Твои го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете кога јадат леб?“ 3А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание? 4#19,19; 2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мк 7,10; Лк 18,20; Ефес 6,2Зашто Бог заповедал и рекол: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘, и ‚кој злослови против таткото свој или мајка си, со смрт да се казни‘. 5А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е‘, 6тогаш тој може и да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание! 7#6,2; 23,13Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: 8#Ис 29,13#12,34; Пс 77,36-37‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; 9#5,20; Кол 2,22но напразно Ме почитува, учејќи со човечки учења и заповеди.‘“
Што го осквернува човекот?
(Мк 7,14-23)
10И откако ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете! 11#12,34Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“ 12Тогаш Неговите ученици Му пристапија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“ 13#Ис 5,1-7; Лк 13,6-9; Јн 15,2А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне; 14#23,16.19.24; Лк 6,39; Рим 2,19оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“ 15Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“ 16#Мк 4,13А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате? 17Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор? 18А она што излегува од устата, излегува од срцето и тоа го осквернува човекот; 19#Рим 1,29-30; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,19-21; 1 Птр 4,3; Откр 21,8зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; 20тоа го осквернува човекот. А да се јаде со неизмиени раце, тоа не го осквернува човекот.“
Верата на една Хананејка
(Мк 7,24-30)
21И кога излезе оттаму Исус, замина во краевите Тирски и Сидонски. 22#9,27; Мк 10,47-48; Лк 18,38-39И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“ 23#Лк 11,8Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И откако пристапија до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“ 24#10,5-6А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израилев.“ 25Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“ 26#7,6Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ 27#Лк 16,21Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на своите господари.“ 28#8,10.13Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина.
Исус исцелува многу народ
(Мк 7,31)
29 #
Мк 7,31
Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму. 30#11,5; 19,2; 21,14И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели, 31#8,3; 11,4-5; Мк 7,37така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, сакати оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев.
Исус нахранува над четири илјади души
(Мк 8,1-10)
32 #
9,36; 14,15 А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; а да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот.“ 33#4 Цар 4,43Но учениците Негови Му рекоа: „Од каде при нас толку леб во пустинава за се нахрани толку народ?“ 34#14,17-21; Мк 6,33-44; Лк 9,13-17; Јн 6,9-13Исус ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум и неколку рипчиња.“ 35Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата. 36#1 Кор 11,24И откако ги зеде седумте лебови и рибите, заблагодари, ги прекрши и им ги даде на учениците Свои, а учениците – на народот. 37#4 Цар 4,44; Пс 77,29; Мк 8,20 И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кошници. 38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата. 39Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и дојде во магдалските предели.