1
Ефесјаните 5:1-2
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца. Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.
Karşılaştır
Ефесјаните 5:1-2 keşfedin
2
Ефесјаните 5:15-16
Внимавајте како живеете! Нека биде тоа мудро, а не неразумно. Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг.
Ефесјаните 5:15-16 keşfedin
3
Ефесјаните 5:18-20
Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води! Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ! Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.
Ефесјаните 5:18-20 keşfedin
4
Ефесјаните 5:17
Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.
Ефесјаните 5:17 keşfedin
5
Ефесјаните 5:25
Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа
Ефесјаните 5:25 keşfedin
6
Ефесјаните 5:8
Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.
Ефесјаните 5:8 keşfedin
7
Ефесјаните 5:21
Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.
Ефесјаните 5:21 keşfedin
8
Ефесјаните 5:22
Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ
Ефесјаните 5:22 keşfedin
9
Ефесјаните 5:33
Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.
Ефесјаните 5:33 keşfedin
10
Ефесјаните 5:31
Светото Писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело.“
Ефесјаните 5:31 keşfedin
11
Ефесјаните 5:11
Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!
Ефесјаните 5:11 keşfedin