1
2 Коринтјаните 4:18
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат. Зашто се што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.
Karşılaştır
2 Коринтјаните 4:18 keşfedin
2
2 Коринтјаните 4:16-17
Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува. Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно.
2 Коринтјаните 4:16-17 keşfedin
3
2 Коринтјаните 4:8-9
Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж. Прогонувани сме, но Бог не не оставил. Не соборуваат наземи, но не сме уништени.
2 Коринтјаните 4:8-9 keşfedin
4
2 Коринтјаните 4:7
Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.
2 Коринтјаните 4:7 keşfedin
5
2 Коринтјаните 4:4
Но на таквите Сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.
2 Коринтјаните 4:4 keşfedin
6
2 Коринтјаните 4:6
Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.
2 Коринтјаните 4:6 keşfedin