Лука 17
17
ГЛАВА 17
  1И им рече Исус на учениците Свои: – Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној, преку кого доаѓаат;
  2за него би било подобро да му обесат воденичен камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие малите.
(Зачало 84)
  3Внимавајте на себе! Ако#Сабота од 32-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Внимавајте на себе! Ако  згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае, прости му.
  4И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: се кајам, – прости му!
Крај на петокот
  5И Му рекоа апостолите на Господа: – Засили ја верата во нас.
  6А Господ им рече: – Да имавте вера колку синапово зрно, ќе ѝ речевте на онаа смоква: откорни се и пресади се в море, и таа би ве послушала.
  7Кој од вас, кога ќе се врати неговиот слуга од поле, орач или овчар, веднаш ќе му рече: дојди бргу и седни на трпеза?
  8Нема ли да му рече: – приготви ми да вечерам, препаши се и служи ми додека јадам и пијам, а потоа, ти ќе јадеш и пиеш?
  9Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.
  10Па така и вие, кога ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: – ние сме слуги непогодни, оти го извршивме она што бевме должни да го извршиме.
Крај на саботата
  11И кога одеше за Ерусалим, Он поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.
(Зачало 85)
  12И кога влегуваше во#Недела 29 по Педесетница: Во она време, кога влегуваше Исус во  едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку,
  13па со силен глас повикаа: – Исусе Наставниче, смилувај се!
  14Штом ги виде, им рече: – Отидете и покажете се на свештениците. И тие, одејќи, се очистија.
  15А еден од нив, кога виде дека е излечен, се врати и Го прослави Бога гласно;
  16и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
  17Исус, пак, одговори и рече: – Зар не се излечија десетмина? Каде се деветте?
  18Како не се најдоа и други да се вратат и да заблагодарат на Бога, туку само овој другородец?
  19И му рече: – Стани, оди си; твојата вера те спаси!
Крај на неделата
(Зачало 86)
  20Запрашан од#Понеделник од 27-та седмица по Педесетница: Во она време, запрашан Исус од  фарисеите, кога ќе дојде царството Божјо, Он им одговори: – Царството Божјо нема да дојде забележливо,
  21ниту ќе речат: – еве, овде е, или: ене, онде е. Зашто царството Божјо е во вас внатре.
  22И им рече на учениците: – Ќе дојдат дни кога ќе сакате да видите еден од деновите на Синот Човечки и нема да видите;
  23и ќе ви речат: – еве, овде е, или: ене, онде е, – не одете и не барајте;
  24зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото, го осветлува другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
  25Ама, најнапред Он треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род.
Крај на понеделникот
(Зачало 87)
  26И како што беше#Вторник од 27-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Како што беше  во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:
  27јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во бродот, и дојде потопот, па ги погуби сите.
  28Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
  29но, во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите;
  30така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки.
  31Во тој ден, кој ќе биде на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; и кој ќе биде в поле, исто така, да не се враќа.
  32Сеќавајте се на Лотовата жена.
  33Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи.
  34Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца во една постела: – едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;
  35две жени ќе мелат заедно: – едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават;
  36двајца ќе бидат на нива: – едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.
  37И кога одговорија, Му рекоа: – Каде Господи? А Он им рече: – Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите.
Крај на вторникот
      Currently Selected:
Лука 17: MK2008
Highlight
Share
ਕਾਪੀ।
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008