Псалми 38
38
ПСАЛМ 38
Молитва за утеха од Господ
  1За крајот: песна на Давид, за Идитун.
  2Си реков: „Ќе пазам на патиштата мои,
за да не згрешам со јазикот свој“;
поставив стража на устата своја
додека грешникот стоеше пред мене.
  3  #    
        31,3; 37,13   Онемев и се понижив, замолкнав дури и за добрините,
но болката ми се обнови.
  4Срцето мое во мене се стопли
и додека размислувам ќе се разгори оган.
Проговорив со јазикот свој:
  5  #    
        88,47
         „Покажи ми го, Господи, мојот крај
и кој е бројот на моите дни,
за да разберам од што сум лишен“.
  6  #    
        61,9; 89,9-10; Јов 7,6.16; 14,1.5   Ете, Ти си ми дал дни колку една педа
и моето постоење е како ништо пред Тебе.
И навистина, сѐ е суета,
секој човек што живее.
  7Навистина, човекот како привидение талка и залудно се измачува;
собира во ризница и не знае за кого собира.
  8И сега, која е причината за моето трпение?
Зар не е Господ?
И моето постоење е од Тебе.
  9Од сите беззаконија мои избави ме;
Ти ме направи потсмев за безумниот.
  10Занемев и не ја отворив устата своја,
зашто Ти така ми направи.
  11Отстрани ги од мене ударите Твои,
бидејќи изнемоштев од силината на Твојата рака.
  12  #    
        Ис 50,9; 51,7; Ос 5,12; Јов 4,19; 13,27; Мт 6,20   Со прекори поради беззаконието го воспитуваш човекот
и како пајажина си ја истанчил душата негова;
навистина, секој човек напразно се вознемирува.
  13  #    
        118,19; 1 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; 1 Лет 29,15; Евр 11,13; 1 Птр 2,11   Услиши ја, Господи, молитвата моја и молењето мое чуј го;
солзите мои не премолчувај ги,
зашто сум дојденец кај Тебе и туѓинец,
како сите татковци мои.
  14Допушти ми да здивнам,
пред да заминам и да ме нема веќе.
      လက္ရွိေရြးခ်ယ္ထားမွု
Псалми 38: MAK2024PS
အေရာင္မွတ္ခ်က္
မၽွေဝရန္
ကူးယူ

မိမိစက္ကိရိယာအားလုံးတြင္ မိမိအေရာင္ခ်ယ္ေသာအရာမ်ားကို သိမ္းဆည္းထားလိုပါသလား။ စာရင္းသြင္းပါ (သို႔) အေကာင့္ဝင္လိုက္ပါ
Македонско библиско здружение 2024