Псалми 92

92
ПСАЛМ 92
Бог е Цар на вселената
1 # 5,2; 46,7; 95,10; 96,1; 98,1; Ис 52,7 За претсаботниот ден, кога земјата беше населена;
пофална песна на Давид.
Господ се зацари, во убавина се облече,
се облече Господ во сила и се препаша;
зашто ја утврди вселената,
која нема да се помести.
2 # 9,4; 10,4; 44,6; 46,8; 96,2 Престолот Твој е подготвен оттогаш,
од века Ти си.
3Ги подигнаа реките, Господи,
ги подигнаа реките гласовите свои;
4 # 28,10 од бучењето на многуте води,
чудесни се морските бранови,
чудесен е во висините Господ.
5Сведоштвата Твои во целост се потврдија;
на домот Твој, Господи, му прилега светост за долги дни.

നിലവിൽ തിരഞ്ഞെടുത്തിരിക്കുന്നു:

Псалми 92: MAK2024PS

ഹൈലൈറ്റ് ചെയ്യുക

പങ്ക് വെക്കു

പകർത്തുക

None

നിങ്ങളുടെ എല്ലാ ഉപകരണങ്ങളിലും ഹൈലൈറ്റുകൾ സംരക്ഷിക്കാൻ ആഗ്രഹിക്കുന്നുണ്ടോ? സൈൻ അപ്പ് ചെയ്യുക അല്ലെങ്കിൽ സൈൻ ഇൻ ചെയ്യുക