ОСИЈА 10

10
4. Паѓање на Израелеви кипови
1Израел беше бујна лоза, таа донесуваше богат плод. И колку повеќе му се раѓаа плодови, толку повеќе ги умножуваше жртвениците; колку побогата му беше земјата, толку понакитени столбови подигаше.
2Нивното срце е поделено, ќе го исплатат тие тоа! Тој ќе им ги сруши жртвениците, ќе им ги искрши нивните столбови. 3Тогаш ќе речат: „Ние немаме цар зашто не се боевме од Господа. Та што би сторил тој? 4Истуруваат зборови, се колнат лажно, склучуваат сојузи; а судот цвета како отровни билки во браздите на полето. 5За ветавенското теле треперат жителите на Самарија; да, заради него тагува неговиот народ, неговите свештеници тажат над него, над неговата слава, зашто е протерана од него. 6А самиот него ќе го одвлечат во Асирија за дар на големиот цар. Срам ќе го опфати Ефрема, Израел ќе се црвенее заради својата одлука. 7Самарија е уништена. Нејзиниот цар ќе исчезне како пена врз површината на водата. Ќе бидат разурнати срамните високи места, Израелевиот грев; трње и чички ќе растат по нивните жртвеници. Тогаш ќе им зборуваат на ридовите: „Покријте не!“ и на бреговите: „Паднете на нас!“
5. Разурнување на сите Израелеви тврдини
9Грешете повеќе отколку во гавајските денови, Израелу! А и да застанеа таму, не ќе ли ги стигнеше војната како гавајските беззаконици? 10Ќе ги казнам, како што ќе ми се допадне: народите ќе се соберат против нив за да ги казнат за двојно беззаконие. 11Ефрем е добро научена јуница, која сака да врши; убавиот врат ќе ѝ го ставам во јарем, ќе го впрегнам Ефрема. Јуда ќе ора, Јаков ќе ги крши грутките. 12Сејте правда, ќе пожнеете љубов; расчистувајте нови земји: време е да Го барате Господа, додека не дојде и да ви дожди со правда. 13Оравте безбожност, жнеевте беззаконие, јадевте плод на измама. Се надеваше на својата кола и во мноштвото свои јунаци, 14затоа бојната врева ќе се разлева низ твоите градови, и сите тврдини ќе ти бидат разурнати како што Салман го разурна Вет Арвел во воен ден, кога мајката ја погубија со нејзините деца. 15Еве што ви направи Ветил зашто потонавте во зло: во зората ќе го снема за секогаш израелскиот цар!

നിലവിൽ തിരഞ്ഞെടുത്തിരിക്കുന്നു:

ОСИЈА 10: MKB

ഹൈലൈറ്റ് ചെയ്യുക

പങ്ക് വെക്കു

പകർത്തുക

None

നിങ്ങളുടെ എല്ലാ ഉപകരണങ്ങളിലും ഹൈലൈറ്റുകൾ സംരക്ഷിക്കാൻ ആഗ്രഹിക്കുന്നുണ്ടോ? സൈൻ അപ്പ് ചെയ്യുക അല്ലെങ്കിൽ സൈൻ ഇൻ ചെയ്യുക