bible icon

Донеси ја моќта на апликацијата Библија во твоите црковни служби.

Сѐ што ѝ е потребно на твојата црква за да се поврзе со твојата порака, и да ја сподели со другите. Бесплатна, без хартија, и веќе инсталирана на милиони уреди.

Помогни ѝ на твојата заедница да добие повеќе од твоите пораки.

Посетителите можат да следат заедно, да се ангажираат со Писмото, да земаат белешки, па дури и да ја зачуваат сопствената персонализирана копија за понатамошна референца.

Твојата содржина на нивниот паметен телефон.

Преглед на пораки, соопштенија, линкови до онлајн дарување... што и да треба да пренесеш до твојата црква, сподели го сето тоа - 100% бесплатно.

Води го твојот народ подлабоко во Библијата.

Препорачај планови за читање и молитви кои ќе ја задржат твојата заедница да се поврзува со Светото Писмо преку целата недела.

iphone-header
iphone-screen
iphone-footer

Моќен не мора да значи и комплициран.

Едноставно регистрирај настани од кој било веб-поврзан Mекинтош или компјутер. Едноставно повлечи и пушти го секој дел од твоите настани на соодветни места, преуредувај, редактирај и прилагодувај додека се движиш.

  • Моќен не мора да значи и комплициран.

Сите градежни блокови кои ти се потребни... за да ги направиш настаните такви какви што ги сакаш.

Флексибилните модули ти заштедуваат време и напор. Комбинирај елементи за да регистрираш нови настани од нула. Или повторно да ги користиш твоите постоечки Настани и да ги промениш по потреба. Дури можеш и да ги копираш постоечките настани и да ги модифицираш за да одговараат на сосема различни типови на собири. Во текот на целиот процес, прегледот ти овозможува да ја видиш содржината на настанот токму како што твоите посетители би сакале да ја видат.

Текстуален модулТекстуален модул

Кратка содржина, важни точки, прашања за дискусија… Сподели каков било текст со општа содржина која ќе им помогне на присутните да ја следат твојата порака во моментот кога се случува.

Библиски референциБиблиски референци

Прикажи ги пасусите токму каде што твојата порака посочува на нив, поврзани со било која од %{version_count}+ верзии на апликацијата Библија, во %{language_count}+ јазици - нема потреба од копирање или вметнување.

Модул за читање плановиМодул за читање планови

Поврзи Библиски планови кои се однесуваат на твоите точки за поучување, и помогни ѝ на твојата публика да се поврзе со Божјиот Збор низ целата седмица.

Модул за веб-врскиМодул за веб-врски

Постави ја твојата публика само на еден допир оддалеченост од онлајн дарување, пријавување за волонтер или веб страницата на црквата. Фрли линк до било кој надворешен сајт директно во твојот настан.

Модул за сликаМодул за слика

Внеси живот во твоите настани со уметничка серија, фотографии, слики со стих и многу повеќе. Присутните можат лесно да ги споделат сликите со настани на нивните социјални медиуми, правејќи ја твојата порака вирална.

Модул за известувањаМодул за известувања

Лесно дистрибуирај ги сите твои навремени и важни информации: вести од црквата, настани од календарот, програми, часови, волонтерство и мисии, и многу повеќе.

Локации и терминиЛокации и термини

Информирај ги луѓето да знаат каде и кога се случува твојот настан - дури и за настани што се случуваат повеќе пати и на повеќе локации.

Двојни настаниДвојни настани

Заштеди време и напор. Брзо креирај нови настани со копирање на постојните и нивно модифицирање со ажурирани информации.

Заштеда на трошоциЗаштеда на трошоци

Заштеди пари за печатење и употребувај помалку хартија... дури и кога ќе досегнуваш до луѓе на платформа со повеќе од 200 милиони преземања.

piggy-bank-image
Просечна црква во САД троши 10.000 $ годишно
за печатење билтени. Настаните ти помагаат да ги намалите или
дури и да ги отстраните тие трошоци.

Сведоштва

Пастор Бил Вајт

"Бевме возбудени да го имплементираме WeVersion во нашата служба, особено во делот" Настани ", каде што ги внесуваме наставните белешки и коментари за секоја недела. Нашите луѓе го ценат тоа да белешките бидат под нивните прсти, да ги споделуваат и ги зачувуваат. Пренасочивме илјадници долари на потребите на другите служби со замена на печатените програми! "

Пастор Бил Вајт
Црквата на Христовото патување

Пастор Херберт Купер

“Настани на YouVersion е вреден ресурс за нашето црковно семејство. Можноста нашите луѓе да ги користат белешките и стиховите од Библијата во текот на нашите пораки создаваат моќен ангажман и влијание"

Пастор Херберт Купер
Народна црква

Синди Бил

„Ние ги користиме Настаните за сите наши сесии, дозволувајќи им на нашите слушатели да ги имаат со себе белешките и стиховите од говорниците. Настаните нè спасија од печатење на илјадници страници! Поставувањето на настанот е неверојатно лесно, и секогаш е објавено во точното време кога ни е потребно.“

Синди Бил
Директор на Equip

bible icon

Настани се целосно нови, целосно бесплатни и само во апликацијата Библија.

Се случува револуција во библискиот ангажман во времето на нашите животи. Инсталирана на повеќе од 750 милиони уреди досега, апликацијата „Библија“ им помага на луѓето во секоја земја да се поврзат уште повеќе со Божјиот Збор. И сега, преку Настани, со задоволство ти го нудиме досегот на таа платформа на тебе.

  • app store
  • google playstore

Да почнеме.

Споделете го вашиот прв настан во апликацијата Библија за помалку од десет минути. Сѐ што ви треба е Mекинтош или PC и бесплатен YouVersion профил.

Регистрирај настан