Сѐ што ѝ е потребно на твојата црква за да се поврзе со твојата порака, и да ја сподели со другите. Бесплатна, без хартија, и веќе инсталирана на милиони уреди.
Посетителите можат да следат заедно, да се ангажираат со Писмото, да земаат белешки, па дури и да ја зачуваат сопствената персонализирана копија за понатамошна референца.
Преглед на пораки, соопштенија, линкови до онлајн дарување... што и да треба да пренесеш до твојата црква, сподели го сето тоа - 100% бесплатно.
Препорачај планови за читање и молитви кои ќе ја задржат твојата заедница да се поврзува со Светото Писмо преку целата недела.
Едноставно регистрирај настани од кој било веб-поврзан Mекинтош или компјутер. Едноставно повлечи и пушти го секој дел од твоите настани на соодветни места, преуредувај, редактирај и прилагодувај додека се движиш.
Флексибилните модули ти заштедуваат време и напор. Комбинирај елементи за да регистрираш нови настани од нула. Или повторно да ги користиш твоите постоечки Настани и да ги промениш по потреба. Дури можеш и да ги копираш постоечките настани и да ги модифицираш за да одговараат на сосема различни типови на собири. Во текот на целиот процес, прегледот ти овозможува да ја видиш содржината на настанот токму како што твоите посетители би сакале да ја видат.
Кратка содржина, важни точки, прашања за дискусија… Сподели каков било текст со општа содржина која ќе им помогне на присутните да ја следат твојата порака во моментот кога се случува.
Прикажи ги пасусите токму каде што твојата порака посочува на нив, поврзани со било која од %{version_count}+ верзии на апликацијата Библија, во %{language_count}+ јазици - нема потреба од копирање или вметнување.
Поврзи Библиски планови кои се однесуваат на твоите точки за поучување, и помогни ѝ на твојата публика да се поврзе со Божјиот Збор низ целата седмица.
Постави ја твојата публика само на еден допир оддалеченост од онлајн дарување, пријавување за волонтер или веб страницата на црквата. Фрли линк до било кој надворешен сајт директно во твојот настан.
Внеси живот во твоите настани со уметничка серија, фотографии, слики со стих и многу повеќе. Присутните можат лесно да ги споделат сликите со настани на нивните социјални медиуми, правејќи ја твојата порака вирална.
Лесно дистрибуирај ги сите твои навремени и важни информации: вести од црквата, настани од календарот, програми, часови, волонтерство и мисии, и многу повеќе.
Информирај ги луѓето да знаат каде и кога се случува твојот настан - дури и за настани што се случуваат повеќе пати и на повеќе локации.
Заштеди време и напор. Брзо креирај нови настани со копирање на постојните и нивно модифицирање со ажурирани информации.
Заштеди пари за печатење и употребувај помалку хартија... дури и кога ќе досегнуваш до луѓе на платформа со повеќе од 200 милиони преземања.
"Бевме возбудени да го имплементираме WeVersion во нашата служба, особено во делот" Настани ", каде што ги внесуваме наставните белешки и коментари за секоја недела. Нашите луѓе го ценат тоа да белешките бидат под нивните прсти, да ги споделуваат и ги зачувуваат. Пренасочивме илјадници долари на потребите на другите служби со замена на печатените програми! "
Pastor Bill White
Christ Journey Church
“Настани на YouVersion е вреден ресурс за нашето црковно семејство. Можноста нашите луѓе да ги користат белешките и стиховите од Библијата во текот на нашите пораки создаваат моќен ангажман и влијание"
Pastor Herbert Cooper
People’s Church
„Ние ги користиме Настаните за сите наши сесии, дозволувајќи им на нашите слушатели да ги имаат со себе белешките и стиховите од говорниците. Настаните нè спасија од печатење на илјадници страници! Поставувањето на настанот е неверојатно лесно, и секогаш е објавено во точното време кога ни е потребно.“
Cindy Beall
Leading and Loving It Director of Equip
A revolution in Bible engagement is taking place within our lifetimes. Installed on more than 750 million unique devices so far (and counting), the Bible App is helping people in every country on earth connect more with God’s Word. And now, through Events, we’re happy to offer the reach of that platform to you.
Споделете го вашиот прв настан во апликацијата Библија за помалку од десет минути. Сѐ што ви треба е Mекинтош или PC и бесплатен YouVersion профил.