Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Шест дена за Божјите прекариПримерок

Six Days Of The Names Of God

1 ДЕН ОД 6

ДЕН 1: ЕЛ ЕМУНАХ – ВЕРНИОТ БОГ


Ние сакаме да мислиме дека сме верни луѓе. Обично пристигнуваме на работа на време и ја работиме нашата работа трудољубиво. Одвојуваме време за нашата фамилија и за пријателите. Вклучени сме во црквата и се пријавуваме на волонтерски и разни активности. Но, ние не сме совршени, независно од тоа колку се трудиме да бидеме верни. Неизбежно е да заборавиме некој состанок, да пропуштиме некој натпревар во кој учествува детето или да заборавиме на волонтерската задача.


Поради тоа што ние не можеме секогаш да бидеме верни, осигурани сме кога знаеме дека му служиме на нашиот верен Бог. Неговото име Ел Емунах значи „верниот Бог,” на кого секогаш можеме да сметаме дека ќе ги засука Неговите ракави и ќе работи во нашите животи. Дали секогаш ги одржува неговите ветувања? Потврдено. Дали секогаш ги слуша нашите молитви? Потврдено. Засекогаш е со нас? Потврдено.


Некогаш се случуваат работи што не спречуваат да бидеме комплетно верни луѓе. Бидејќи сме луѓе, сме искушувани да носиме одлуки заради самозаштита, себичност и алчност. Едноставно, не може да бидеме совршени цело време. Но, кога не успеваме, Бог се појавува и нежно нè води назад на задачата што ја има за нас — да бидеме верни и да бидеме тука едни за други. Неговата верност спрема нас нè трансформира во времето кога го бараме Него додека сме несовршени.


Доколку оваа посвета ти беше од некакво значење, би сакале да ти понудиме бесплатно преземање на Богослужбата за прекарот Џехова Џирех. Преземи ја од тука комплетната проповед од Тони Еванс


Ден 2

Опис за овој план

Six Days Of The Names Of God

Преку многуте прекари што ги има Бог, Тој ни открива аспекти од Неговиот карактер и Неговата природа. Освен Татко, Син и Светиот Дух, во Библијата се наведени повеќе од 80 прекари за Бог. Туа се наведени шесте прекари и ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на Д Урбан Алтернатив и Тони Еванс, кои ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната https://tonyevans.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност