Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Библија за децаПримерок

Библија за деца

5 ДЕН ОД 7




Жената стоеше на бучната падина, нејзините тажни очи ја гледаа ужасната сцена. Нејзиниот Син умираше. Мајката беше Марија, и таа стоеше блиску до местото каде што Исус беше закован на крстот.

Како се случи сето ова? Како можеше Исус да го заврши така прекрасниот живот на така ужасен начин? Како можеше Бог да дозволи Неговиот Син да биде закован на крст и да умре таму? Дали Исус згреши за тоа Кој е Тој? Дали Бог не успеа?

Не! Бог не погреши. Исус немаше направено никаква грешка. Исус секогаш знаеше дека ќе биде испратен во смрт од нечесни луѓе. Дури и кога Исус беше бебе, старец по име Симеон и кажа на Марија дека тагата допрва им претстои.

Неколку дена пред Исус да биде убиен, дојде жена и му Ги помаза нозете со миро. „Таа непотребно троши пари”, се пожалија учениците. „Таа направи добро дело”, рече Исус. „Го направи тоа за мојот погреб”. Колку чудни зборови!

По ова, Јуда, еден од дванаесетте ученици на Исус, се согласи да го предаде Исус на првосвештениците за 30 сребреници.

На Еврејскиот празник Пасха, Исус го имал последниот оброк со Своите ученици. Тој им кажувал прекрасни работи за Бог и Неговите ветувања до оние кои го сакаат Него. Тогаш Исус им дал леб и чаша да ги споделат. Ова беше за да ги потсети дека телото Исусово и крвта се дадени за да носат проштавање на гревовите.

Тогаш Исус им кажа на Своите пријатели дека Тој ќе биде предаден, и дека тие ќе побегнат. „Јас нема да побегнам”, инсистираше Петар. „Пред да запее петелот, ти ќе се одречеш од Мене три пати”, рече Исус.

Подоцна таа ноќ, Исус отиде да се моли во Градината Гетсемени. Учениците кои беа со Него заспаа. „О Оче”, се молеше Исус, „.. Би сакал да Ме одмине оваа чаша. Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата”.

Одеднаш во градината се појавила толпа, водена од Јуда, Исус не се спритивставувал, но Петар му го отсекол увото на човекот. Тивко, Исус, го допрел увото на човекот и го излекувал. Исус знаел дека Неговото апсење е Божја волја.

Тогаш толпата го однела Исус во домот на првосвештениците. Таму, Еврејските водачи рекле дека Исус треба да умре. Во близина, Петар стоел покрај огнот на слугите и гледал.

Три пати луѓето го гледале Петар и му велеле, „Ти беше со Исус!” Три пати Петар одрекувал, онака како што Исус рекол дека ќе биде. Петар дури се проколнал и се заколнал.

Тогаш, запеал петелот. Тоа било како гласот Божји за Петар. Присетувајќи се на зборовите на Исус, Петар горко заплакал.

И на Јуда му беше жал, исто така. Тој знаеше дека Исус не е виновен за грев или криминал. Јуда ги враќаше 30-те сребреници, но свештениците не ги земаа.

Јуда ги фрли парите на подот, излезе – и се обеси.

Свештениците го донесоа Исус пред Пилат, Римскиот гувернер. Пилат рече, „Јас не наоѓам никаква вина кај Овој Човек.” Но толпата постојано извикуваше, „Распни го! Распни го!”

На крајот Пилат се предаде и го осуди Исус да умре на крстот. Војниците го удираа Исус, Го плукаа и Го камшикуваа. Тие направија сурова круна од долги остри трње и Му ја притиснаа на главата. Потоа Го заковаа на дрвен крст за да умре.

Исус секогаш знаеше дека ќе умре на таков начин. Тој исто така знаеше дека Неговата смрт ќе им донесе прошка на грешиците кои веруваа во Него. Двајца криминалци беа распнати покрај Исус. Едниот веруваше во Исус – и отиде во Рајот. Другиот не.

По многу часови страдање, Исус рече, „Готово е”, и умре. Неговата работа беше завршена. Пријателите Го закопаа во приватен гроб.

Потоа Римските војници го запечатија и го чуваа гробот. Сега никој не можеше да влезе - или да излезе.

Ако ова беше крајот на приказната, таа ќе беше многу тажна. Но Бог направи нешто прекрасно. Исус не остана мртов!

Рано наутро на првиот ден од неделата, некои од учениците на Исус го најдоа каменот стркалан од гробот. Кога погледнаа внатре, Исус повеќе не беше таму.

Една жена стоеше, плачејќи покрај гробот. Исус и се појави! Таа побрза назад радосна да им каже на другите ученици. „ИСУС Е ЖИВ! ИСУС СЕ ВРАТИ ОД МРТВИТЕ!”

Наскоро Исус дојде кај учениците, и им Ги покажа Своите раце со лузни од клинците. Тоа беше вистина. ИСУС ПОВТОРНО БЕШЕ ЖИВ! Тој му прости на Петар за тоа што се одрече од Него, и им кажа на ученицитте да им кажуваат на сите за Него. Потоа Тој се врати во Рајот од каде што дојде.

Крај

Свето Писмо

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Библија за деца

Како започна сето тоа? Од каде дојдовме? Зошто има толку многу мизерија во светот? Има ли надеж? Дали има живот после смртта? Најдете ги одговорите додека ја читате оваа вистинска историја на светот.

Би сакале да се заблагодариме на Bible for Children, Inc. што го обезбеди овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.bibleforchildren.org/languages/macedonian/stories.php

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност