Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Тагата боли: надеж за празницитеПримерок

Grief Bites: Hope for the Holidays

1 ДЕН ОД 5

Ах, празници! Време во кое бојата на есенските листопади не потсеќа дека доаѓа денот на благодарноста, а ни се приближува и Божик. Време во кое сите се исполнети со благодарност, љубов, фамилијарна хармонија и радост, нели?



За жал, ова не е случајот за секого—посебно не за оние кои загубиле некој близок, за оние кои раскинале некоја голема врска или кои поминуваат низ некој фамилијарен конфликт или за оние кои имаат скршено срце.



Јас додека растев, секогаш бев возбуден за празниците и многу ги сакав, но во моментот кога мојата 22 годишна сестра почина на денот на благодарноста, наместо празниците да ми бидат најубавиот период од годината, тие се претворија во најтешкиот и жалостив период.



Како да најдеш надеж за време на празниците?



Како да ги почестиш твоите вредни и сакани луѓе кои во тој момент ги прославуваат празниците во Рајот со Бог?



Дали радоста е возможна во текот на празничната сезона...во моменти на жалост?



Како е возможно да создадеш убава атмосфера во тие значајни денови кои треба да бидат исполнети со мир, без оглед на тоа што ти се случува моментално во животот?



Ве молам, придружете ми се во следните неколку дена каде што давам одговор на овие прашања и нешто повеќе.



"Небесен Татко,

се молам за сите оние кои се повредени во текот на празниците—посебно во текот на следниот ден на благодарноста и Божик. Те молам да ги исцелиш и да им дадеш спокој во нивните срца. Излевај ја врз нив Твојата љубов и милост секојдневно. Чувај ги во Твоите раце и помогни им да поминат лесно низ нивните моменти на тага. Во името на Исус, амин!"



Оваа посвета © 2015 е од Ким Најлс/Тагата боли. Сите права задржани. Употребено со дозвола од авторот.

Ден 2

Опис за овој план

Grief Bites: Hope for the Holidays

За многумина, празниците се време поминато во голема радост...но што се случува кога празниците ке ја загубат искрата и ќе се претворат во тешки предизвици поради некаква длабока тага или загуба? Овој специјален план за ...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Ким Најлс, авторот на “Врати си го здивот откако животот ќе ти го одземе“ што го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.griefbites.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност