Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Користење на твоето време за БогПримерок

Using Your Time for God

1 ДЕН ОД 4

Продуктивно користење на твоето време

Кога бев дете во основно училиште луѓето често пати ќе ме прашаа "Кој е твојот омилен предмет?" Секогаш мојот одговор беше едно следниве две работи: или ќе одговорев "одморот" или "физичко". Мојот одговор ги откри моите најдлабоки предрасуди. Повеќе ја сакав играта отколку работата. Навистина, зародишот на моето филозофско размислување во врска со вселенските "Зошто?" прашања, се случи кога од враќањето дома после училиште направив игра на одење на прсти по долга патека, преправајќи се дека одам по висока жица во циркус.

Се прашував себеси која е смислата на животот кога требаше да поминам пет дена од неделата правејќи она што не сакам само за да можам да си играм за викендите. Секогаш бев во школскиот двор еден час пред да започнат часовите—не поради страст за учење лекции однапред, но за да можам да го "откупам" дневното мелење со тоа што ќе имам еден час забава на игралиштето пред да заѕвони ѕвончето. За мене, откупувањето на времето значеше спасување скапоцени минути на игра од задолжителните часови работа.

Сфатив дека кога апостолот Павле ги охрабри читателите да го "откупуваат времето, бидејќи дните се зли" (Ефес 5:16), тој не мислеше толку за мене. Неговиот повик беше за продуктивно користење на времето во служба за Божјото Царство.

Корам део: Живеење пред лицето Божјо

Дали продуктивно го користиш твоето време за Божјото Царство?

Copyright © Ligonier Ministries. Добиј бесплатна книга од Р. Ч. Спроул на Ligonier.org/freeresource.

Ден 2

Опис за овој план

Using Your Time for God

4 дневна побожност од Р. Ч. Спроул во врска со користење на твоето време за Бог. Секоја од овие побожности те повикува да живееш во Божјото присуство, под Божјиот авторитет, за слава Божја.

Благодарни сме на Ligonier Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: Ligonier.org/youversion

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност