Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПЛАЧ 3

3
ТРЕТАТАЖАЧКА - ТАЖЕЊЕ, НАДЕЖ, УТЕХА
3:1-66
А. Пророкова скрб за Сион
1Јас сум човек, што ја запозна бедата под прачката на Неговиот гнев. 2Мене ме одведе и ме натера да одам во темнина и без светлина. 3И токму мене ме бие и ме удира непрекратно Неговата рака. 4Го исцеди моето месо, мојата кожа, ги искрши моите коски. 5Ми направи јарем, главата ми ја опточи со тешкотии. 6Ме остави да живеам во темнини, како одамна умрените. 7Ме соѕида, и јас не можам да излезам, ми ги стежна моите окови. 8Кога викав и молев за помош, ја одбиваше мојата молитва. 9Ми ги соѕида патиштата со делкан камен, ми ги затрупа моите патишта. 10За мене Тој беше мечка која дебне, лав во заседа. 11Ме водеше во непроодни патишта, ме раскинуваше, ме оставаше да умирам. 12Го оптегнуваше Својот лак и ме гаѓаше како цел за своите стрелички. 13Во слабините ми ги закачи стреличките, синовите на својот тул. 14Станав смешен за својот народ, секојдневна нивна песна. 15Ме хранеше со горчина, ме напојуваше со пелин. 16Ме оставаше да ги кршам забите гризејќи камен, ме закопуваше во пепел. 17И го одзеде мирот на мојата душа, и ги заборавив добрите работи. 18Реков: дотраја мојата сила и надежта, која ми доаѓа од Господа. 19Спомни си за мојата беда и страдањата, за пелинот и за отровот! 20Непрекратно мисли на тоа и се суши душата во мене. 21Тоа го носам во срцето и затоа се надевам.
Б. Спомнеж за Господова милост и надеж
22Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат. 23Тие се нови секое утро: Твојата верност е голема! 24„Господ е мој дел,“ ми вели душата, и затоа се надевам во Него.“ 25Добар е Господ за оној, кој се надева во Него, за душата, која Го бара. 26Блазе му на тој, кој трпеливо чека спасение од Господа. 27Блазе му на човекот кога тој носи јарем во својата младост. 28Нека седи во осаменост и нека молчи, зашто Тој му го наметна тоа; 29нека ги долепи усните до правот, можеби уште има надеж! 30Нека му го сврти образот на оној, кој го бие, нека се засити со подигравка. 31Зашто Господ не отфрла никого засекогаш: 32зашто и ако растажи, Тој се смилува заради Својата голема љубов. 33Бидејќи Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки. 34Кога се газат со нозе сите земни затвореници, 35кога му се изопачува правдата на човекот пред лицето на Сѐвишниот, 36кога му се нанесува неправда на човекот во парница, зар Господ не гледа? 37Кој рекол нешто и се случило? Не го заповеда ли тоа Господ? 38Не доаѓаат ли од устата на Сѐвишниот и доброто и злото. 39На што се жалат живите луѓе? секој на својот грев.
В. Поттикнување на Израел да се обрати кон Бога
40Да ги испитаме, да ги пребараме своите патишта и да Му се вратиме на Господа. 41Да ги подигнеме своето срце и своите раце кон Бога, Кој е на небесата. 42Да, ние се одметнавме, бевме непокорни, а Ти, Ти не проштаваше! 43Опфатен од Својот гнев, нѐ гонеше, нѐ умртвуваше и не нѐ штедеше. 44Се завитка со облак, за да не стигне молитвата до Тебе. 45Направи од нас гној и мерзост меѓу народите. 46Сите наши непријатели отворија уста против нас. 47Ужасот и јамата ни беа судбина, пропаст и гибел! 48Потоци солзи течат од моите очи заради пропаста на Ќерката на мојот народ. 49Моите очи леат солзи непрекратно, зашто нема прекратување 50додека Господ не погледа и не види од небесата. 51Моето око ми задава болка заради ќерките на мојот град. 52Упорно како птица ме гонат сите, кои ме мразат, а без причина. 53Го фрлија мојот живот во јама и ја затрупаа со камења. 54Водата ми стигна над главата, си реков себеси: „Загинав!“
Г. Повик за одмазда врз Израелеви непријатели
55И тогаш го повикав Твоето име Господи, од најдлабоката јама. 56Ти го чу мојот глас: Не затнувај си ги ушите на моите повици! 57На денот на моето молење за помош беше близу до мене, велеше: „Не бој се!“ 58Ти, Господи, избори правда за мојата душа, Ти го избави мојот живот. 59Ти, Господи, виде како ме угнетуваат, пресуди ми правда. 60Ти ја виде сета нивна одмазда, сите измами против мене. 61Ги чу, Господи, сите нивни подигравки, сите лукавштини против мене. 62Усните на моите противници и нивните мисли против мене се по цел ден. 63Кога седат, кога стануваат, само погледај: јас сум им потсмешлива песна. 64Врати им, Господи, мило за драго, според делата на нивните раце. 65Направи да им окорават срцата, удри ги со Своето проклетство. 66Гони ги гневно и истреби ги сите под Своите небеса, Господи!

Селектирано:

ПЛАЧ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се