Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЈОВАНОВО 3

3
Бог е Татко, а ние сме Негови синови
1Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца. А тоа и сме! Затоа светот не нѐ познава нас, зашто не Го позна Него. 2Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е. 3И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е и Тој чист. 4Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие. 5И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев. 6Секој кој останува во Него, не греши; секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.
Христијанската праведност и братската љубов
7Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен. 8Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот. 9Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога. 10По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога. 11Зашто ова е веста што ја чувте од почеток: да се љубиме еден со друг! 12Не како што Каин беше од лукавиот и го уби брата си. И зошто го уби? Зашто неговите дела беа зли, а на брата му - праведни.
13Не чудете се, браќа, ако светот ве мрази. 14Ние знаеме дека преминавме од смртта во живот, зашто ги љубиме браќата. Кој не го љуби братот свој, тој пребива во смртта. 15Секој, кој го мрази својот брат, е човекоубиец, а знаете дека во ниеден човекоубиец не пребива вечен живот.
16По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас; и ние сме должни да ги положиме своите животи за браќата. 17А кој има светски блага и го види брата си во немаштина, па го затвори своето срце кон него, како ќе остане Божјата љубов во него? 18Дечиња мои, да не љубиме со зборови или само со јазикот, туку во дело и вистина. 19По тоа ќе познаеме дека сме од вистината, па ќе ги увериме своите срца пред Него, 20зашто кога нашето срце нѐ осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ. 21Возљубени, ако срцето не нѐ осудува, имаме смелост пред Бога, 22и што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. 24И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој - во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.

Селектирано:

1 ЈОВАНОВО 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност