Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 9

9
Опомената на мудроста
1 # Ис 25,6-9; Мт 22,1-14; Лк; 14,15-24; 15,22-24; Откр 19,9 Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, 2ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; 3ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: 4„Кој е неразумен, да наврати ту­ка!“ И на малоумните таа им рече: 5„Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; 6оставете ја неразумноста, и ќе жи­веете; одете по патот на разумот.“
Мудриот и безумниот
7Кој поучува бесрамник, ќе си спе­чали укор, и кој го разобличува нечес­тивецот – срам. 8Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака. 9Дај му совет на мудриот, и тој ќе би­де уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење. 10Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Све­тиот е разум; 11зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот. 12Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.
За глупоста
13 # 20,17; Пс 64 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира, 14седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот, 15за да им вели на минувачите, што си одат право по патот: 16„Кој е глупав, нека наврати тука“, а на малоумните им вели: 17„Крадената вода е слатка, и сокрие­ниот леб е – пријатен.“ 18И тој не знае дека таму се мртов­ците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.

Селектирано:

Изреки 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност