Матеј 8

8
1А кога слезе од гората, големо мноштво Го следеше.
2И ете, еден лепрозен Му пристапи и падна пред Него ничкум, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.”
3Тогаш Исус ја испружи својата рака и го допре, велејќи: „Сакам! Биди очистен!” И веднаш се очисти неговата лепра.
4И Исус му рече: „Гледај, никому да не му кажеш, туку оди, покажи му се на свештеникот и принеси го дарот, што го заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.”
5А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи:
6”Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.”
7Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.”
8А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен.
9Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави.
10А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера.
11И ви велам дека мнозина ќе дојдат од исток и од запад, и ќе седнат со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно;
12а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајна темнина, каде ќе биде плач и чкртање на заби.”
13И Исус му рече на стотникот: „Оди си, нека ти биде, како што си верувал.” И неговиот слуга оздраве во истиот час.
14И кога Исус дојде во Петровиот дом, ја виде неговата тешта како лежи болна од треска.
15Ја допре раката нејзина, и треската ја остави, и таа стана и им служеше.
16А кога настапи вечер, Му доведоа многу опфатени од демони. Тој со збор ги истера духовите и ги исцели сите болни.
17За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.”
18А кога Исус виде големо мноштво околу Себе, заповеда да отпловат на другата страна.
19И пристапувајќи Му еден книжник Му рече: „Учителе, јас ќе Те следам каде и да одиш.”
20А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”
21А друг од Неговите ученици Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам и да го погребам татка си.”
22А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.”
23И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа.
24И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше.
25И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нè! Загинуваме!”
26И им рече: „Зошто се боите, маловерни?” Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина.
27А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?”
28И кога дојде на другата страна, во Гадаринската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегоа од гробовите, многу свирепи, така што никој не можеше да помине по оној пат.
29И ете, извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?”
30А далеку од нив пасеше големо стадо свињи.
31А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.”
32И им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите; и ете, целото стадо се стрча низ карпата во морето, и загина во водите.
33А свињарите побегнаа, и штом дојдоа во градот, известија за сè, и за она што им се случи на опседнатите.
34И ете, целиот град Му излезе во пресрет на Исуса, и кога Го видоа Го замолија да си отиде од нивниот крај.

موجودہ انتخاب:

Матеј 8: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔