Матеј 11

11
1А кога Исус заврши заповедувајќи им на Своите дванаесет ученици, замина оттаму да поучува и да проповеда во нивните градови.
2Кога Јован чу во темницата, за делата на Христос, испрати двајца од своите ученици,
3и Му рече: „Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да очекуваме друг?”
4Исус им одговори и рече: „Одете и јавете му на Јована што слушате и што гледате:
5слепите прогледуваат и хромите одат, лепрозните се очистуваат и глувите слушаат, мртви воскреснуваат и бедните го примаат Евангелието;
6и блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.”
7Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што ветерот ја лулее?
8Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци.
9Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.
10Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’
11Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.
12А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;
13зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована;
14и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.
15Кој има уши нека слуша!”
16”А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите,
17велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’
18Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!”
19Дојде Синот Човечки, кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници! „И мудроста се оправда преку нејзините дела.”
20Тогаш почна да ги укорува градовите, во кои се случија најмногу Негови чуда, зашто не се покајаа.
21”Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон се случија чудата, што се случија при вас, одамна би се покајале во вреќиште и пепел.
22Но, ви велам: полесно ќе им биде на Тир и Сидон во судниот ден, отколку вам.
23И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.
24Но ви велам, на земјата Содомска ќе и биде полесно на судниот ден, отколку тебе.”
25Во тоа време, Исус одговори и рече: „Те фалам, Татко, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си го открил на младенците.
26Да, Татко, зашто така беше угодно пред Тебе.
27Сè Ми е предадено од Мојот Татко, и никој не Го познава Синот, освен Таткото; ниту некој Го познава Таткото, освен Синот, и оној кому Синот сака да му открие.”
28”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.
29Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души;
30зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.”

موجودہ انتخاب:

Матеј 11: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔