Матеј 26

26
Заговор против Исус
(Мк 14,1-2; Лк 22,1-2; Јн 11,45-53)
1 # 11,1; 13,53 И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои: 2#16,21; 2 Мојс 12,1-27; Лк 24,7.20; Јн 19,16„Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде пре­да­ден на распнување.“ 3#26,57; Пс 2,2; Дела 4,26-27Тогаш првосвештениците, книж­ни­ците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа, 4#Пс 31,13; Јн 11,53; Дела 9,23и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат; 5#Јн 11,55но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“
Помазанието во Витанија
(Мк 14,3-9; Јн 12,1-8)
6 # 21,17 А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, 7#Лк 7,36-38се приближи до Него една жена, ко­ја носеше шише со скапоцен мирис и го изли врз главата Негова, кога Тој седе­ше на трпезата. 8И кога го видоа тоа учениците Не­го­ви, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа рас­турање? 9#19,21; Јн 12,5Зашто тој мирис можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.“ 10Но Исус, разбирајќи го тоа, им ре­че: „Зошто ја буните жената? Таа на­прави добро дело за Мене! 11#5 Мојс 15,11Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате се­когаш; 12#Јн 12,3таа, излевајќи го тој мирис врз те­лото Мое, Ме приготви за погреб. 13#24,14Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“
Договор за предавство на Исус
(Мк 14,10-11; Лк 22,3-6)
14 # Јн 6,71 Тогаш еден од дванаесетте, по има Јуда Искариот, отиде кај првосвеш­те­ниците 15#1 Мојс 37,28; Зах 11,12и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници. 16#21,46И оттогаш тој бараше погодно вре­ме да Го предаде.
Подготовка на Пасхалната вечера
(Мк 14,12-16; Лк 22,7-13)
17 # 2 Мојс 12,1-14; 12,20; Мк 14,1.12; Јн 19,14; Дела 12,3; 1 Кор 5,7-8 А во првиот ден на празникот Бес­квасници пристапија кон Исус уче­ни­ци­те и Му рекоа: „Каде сакаш да ти при­гот­виме да јадеш Пасха?“ 18#Јн 2,4; 7,30; 13,1Тој им рече: „Одете в град кај тој и тој човек и кажете му: ‚Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја про­славам Пасхата со учениците Свои.‘“ 19#21,6Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.
Исус го посочува предавникот
(Мк 14,17-21; Лк 22,14.21-23; Јн 13,21-30)
20 # Лк 22,14 Кога се стемни, Тој седна на трпе­зата со дванаесетте. 21#Јн 13,21И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“ 22Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“ 23#Пс 41,9; Јн 13,18; 17,12А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде. 24#8,20; 18,6; Ис 53,9Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Си­нот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше ро­дил.“ 25#10,4А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?“ Му одгово­ри: „Ти рече.“
Востановување на Причеста
(Мк 14,22-26; Лк 22,14-20; 1 Кор 11,23-25)
26 # Јн 6,51-58; 1 Кор 10,16 # 14,19 И кога јадеа, Исус зеде леб, го бла­гослови, го прекрши, и откако им го да­де на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ 27И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите; 28#20,28; 2 Мојс 24,8; Ис 53,12; Ер 31,31; Зах 9,11; Мк 1,4; Лк 1,77; 24,47; Дела 2,38; 5,31; 10,43; 13,38; 26,18; Ефес 1,7; Кол 1,14; Евр 9,20.22; 10,18; 12,24зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите. 29#8,11; 1 Кор 11,26И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во цар­ството на Мојот Отец.“ 30#Јн 18,1И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.
Навестување за Петровото одрекување
(Мк 14,27-31; Лк 22,31-34; Јн 13,36-38)
31 # 5,29; 11,6; Зах 13,7 Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе Ме оставите уште оваа ноќ; зашто е на­пишано: ‚Ќе удрам по пастирот и ов­ци­те од стадото ќе се разбегаат.‘ 32#28,7А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“ 33#4,18Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Те­бе, јас никогаш нема да се соблазнам.“ 34#26,69-75Исус му рече: „Вистина, ти велам: оваа ноќ уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 35Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе!“ Истото го говореа и сите уче­ници.
Исусовата молитва во Гетсиманија
(Мк 14,32-42; Лк 22,39-46)
36 # 14,23; 1 Мојс 22,5; Јн 18,1; Евр 5,7-8 Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.“ 37#17,1И кога ги поведе со себе Петар и двајцата Заведееви синови, се натажи и почна да тагува. 38#24,42; 1 Цар 19,4; Пс 42,5.11; 43,5; Јн 12,27Тогаш Исус им рече: „Смртно е на­жалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене!“ 39#20,22; Јн 4,34; Рим 5,19Оддалечувајќи се малку, падна нич­кум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа ча­ша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти.“ 40Па дојде кај учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни!? 41#6,13; Лк 11,1-4; Рим 7,5Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“ 42#Фил 2,8Повторно отиде и се помоли, гово­рејќи: „Оче Мој, ако не може да ме од­мине оваа чаша без да ја пијам, тогаш нека биде волјата Твоја!“ 43#Лк 9,32Кога дојде, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале. 44#2 Кор 12,8Тогаш ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите збо­рови. 45#Лк 9,44; Јн 13,1; 14,30Потоа пак дојде кај учениците Свои и им рече: „Сѐ уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешниците. 46#Јн 14,31Станете да одиме! Ете, се прибли­жува оној што Ме предава.“
Исусовото приведување
(Мк 14,43-50; Лк 22,47-53; Јн 18,3-12)
47 # 10,4 Додека Тој уште говореше, ете, Ју­да, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, ис­пра­тени од страна на првосвештениците и старешините народни. 48А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Фатете Го Тој што ќе го бакнам!“ 49#2 Сам 20,9-10И веднаш се приближи до Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го бакна. 50#1 Мојс 26,27А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, по­ло­жи­ја раце на Исус и Го фатија. 51#Јн 18,26И ете, еден од оние што беа до Ис­ус, протегна рака и извади нож, па го удри слугата на првосвештеникот, и му го отсече увото. 52#1 Мојс 9,6; Откр 13,10Тогаш Исус му рече: „Врати го но­жот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; 53#Јн 18,36или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? 54#Лк 24,26-27Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“ 55#Лк 19,47; 21,37; Јн 18,20Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со но­жеви и колови за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте. 56#1,22; Зах 13,7; Јн 16,32Но сето тоа стана за да се исполнат пророчките писма.“ Тогаш сите уче­ни­ци Го оставија и се разбегаа.
Сослушувањето на Исус пред Синедрионот#26,56 Големиот Совет
(Мк 14,53-65; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)
57 # 26,3; Лк 3,2; Јн 11,49; Дела 4,6 А оние што Го фатија Исус, Го од­ведоа кај првосвештеникот Кајафа, ка­де што беа собрани книжниците и ста­ре­шините. 58Петар, пак, одеше по Него одда­ле­ку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со слугите за да го види крајот. 59А првосвештениците и ста­ре­ши­ни­те, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус за да Го погубат 60#1 Цар 21,10; Пс 27,12; Дела 6,13и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца 61#24,2-3; 27,40; Јн 2,19; Дела 6,14и рекоа: „Овој кажа: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.‘“ 62Тогаш стана првосвештеникот и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“ 63#4,3; 14,33; 27,12.14; Ис 53,7Но Исус молчеше. А првос­веш­те­никот Му рече: „Те заколнувам во жи­виот Бог да ни кажеш: Ти ли си Хрис­тос, Синот Божји?“ 64#8,20; 22,44; Пс 110,1; Дан 7,13; Евр 1,3Исус му одговори: „Ти рече! Ви ве­лам отсега ќе Го гледате Синот Човеч­ки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“ 65#3 Мојс 24,16#4 Мојс 14,6; 2 Сам 13,19; Ер 36,24; Езд 9,3Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење! 66#Ер 26,11; Дела 2,23Како ви се чини?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“ 67#Лк 22,64#27,30; Ис 50,6; 52,14Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го тепаа 68и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
Петровото откажување
(Мк 14,66-72; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)
69А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Гали­ле­е­цот!“ 70#2,23Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ 71А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“ 72Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“ 73Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и го­во­рот твој те издава!“ 74#Јн 13,38Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел. 75#26,34; Лк 22,34; Јн 13,38И се сети Петар на Исусовите збо­рови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Ме­не.“ Па излезе надвор и горко плачеше.

موجودہ انتخاب:

Матеј 26: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔