Parallel

Матеј 6

6
За милостината
1 # 5,20; 23,5; Лк 16,14-15; Јн 5,44; 12,43 „Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец, Кој е на небесата. 2#6,5.16; 15,7; 23,13-15; Амос 4,5И така, кога даваш милостина не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по ули­ци­те, за да ги фалат луѓето. Навистина ви ве­­лам, тие веќе ја добиле својата награда. 3А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4#Пс 138,2-3.6за да биде твојата милостина во тајност; и тогаш, твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
За молитвата
5 # 6,2.16 „И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат по синагогите и крстопатите да стојат и да се молат за да се покажуваат пред луѓето. Вис­ти­на ви велам, тие веќе си ја добиле својата награда. 6#4 Цар 4,33; Ис 26,20; Дан 6,10Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја за­тво­риш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 7#3 Цар 18,27-29; Ис 1,15; Проп 5,1; Сир 7,14Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; 8#Лк 12,30вие, пак, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.
‚Оче наш‘
(Лк 11,2-4)
9 # 7,11; 16,17; 23,9; 3 Мојс 22,32; Ис 63,16; Ез 28,22.25; 36,23; Изреки 30,8-9; Јн 12,28 Туку вие молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; 10#3,2; 12,50; 19,24; 21,31.43; 26,39.42; Ез 36,27; Мк 1,15; Јн 3,3.5; 7,17; Рим 14,17; 1 Кор 4,20; Ефес 1,5.9; 1 Сол 2,12; 2 Сол 1,5; Откр 12,10да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; 11#Јн 6,32.35.48.50-51лебот наш насушен дај ни го денес; 12#3 Цар 8,34; Сир 28,2; Мк 11,25и прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­ши­те должници; 13#4,1-10; 26,41; Ис 63,16; Јн 17,11.15; 1 Кор 10,13; 1 Сол 3,5; 2 Сол 3,3; 1 Тим 6,9; Јк 1,13-14; Откр 2,10и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин! 14#18,24-35#Ефес 4,32; Кол 3,13Бидејќи, ако им ги простите на луѓето грешките нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. 15#18,35Ако, пак, не им ги простите греш­ките на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки.“
За постот
16 # 6,5; Дан 9,3; Јона 3,5; Дела 14,23 „Кога постите, не бидете натажени како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. 17А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, 18#Ис 58,3па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“
За богатството на небото
(Лк 12,33-34)
19 # 24,43; Јов 22,24-26; Јк 5,2 „Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и ка­де што крадците ги поткопуваат и крадат; 20#19,21; Кол 3,1-2; 1 Тим 6,19но собирајте си богатства на небото, каде што ниту молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ни­ту крадат. 21Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“
Светлина за телото
(Лк 11,34-36)
22„Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; 23#20,15; Мк 7,21-23ако, пак, твоето око биде лошо, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?“
Или Бог или богатство
(Лк 16,13; 12,22-31)
24 # 19,21-26; Лк 16,9.13 „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.
За грижите
(Лк 12,22-31)
25 # 16,5-12; Пс 126,1-2; Фил 4,6; 1 Птр 5,7 Затоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини ду­шата повеќе од храната, и телото – од облеката? 26#10,31; Лк 12,7.24Погледнете ги птиците небески: тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? 28Зошто се грижите и за облеката? По­гледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; 29#3 Цар 10но ви велам дека ниту Соломон, во це­лата своја слава не се облече така, како еден од нив. 30#8,26; 14,31; 16,8; 17,20; Лк 12,28Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!? 31Па затоа, не грижете се и не гово­рете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ 32#6,8; Лк 12,30Зашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека од сето ова имате потреба. 33#Ис 51,1; Кол 3,1Но, барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. 34#2 Мојс 16,4-5.19-20; Јк 4,13-14И затоа, не грижите се за утре, заш­то утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволно му е него­вото зло.“