Матеј 23

23
Исус ги укорува книжниците и фарисеите
(Мк 12,38-39; Лк 11,37-52; 20,45-46)
1 # Лк 20,45 Тогаш Исус му говореше на народот и на учениците Свои, 2велејќи: „На Мојсеевиот стол седнаа книжниците и фарисеите. 3#5 Мојс 17,10; Мал 2,7-8; Рим 2,17-24Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; 4#11,30; Лк 11,46врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на лу­ѓето, а сами не сакаат ниту со прст да ги помрднат. 5#6,1.5; 4 Мојс 15,37-39; Амос 4,5И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; 6#Лк 14,7сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, 7и поздрави по улиците, и да ги ви­каат луѓето ‚Рави, Рави!‘ 8А вие немојте да се нарекувате ‚Рави‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. 9#6,9; Мал 2,10И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној, Кој е на небесата; 10#Јн 13,13и наставници немојте да се нарекувате, зашто еден е вашиот Наставник – Христос. 11#18,4; 20,26; Мк 9,34-35Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; 12#Ис 2,9-17; Изреки 29,23; Лк 14,11; 18,14; Јк 4,10зашто, кој се воздигнува, ќе биде пони­зен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“
Осуда на лицемерите
(Мк 12,40; Лк 11,9-52; 20,47)
13 # 5,20; 11,21; 18,9; Ис 5,8-24; Ер 8,8; Мал 2,8; Лк 11,52 „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; зашто, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат. 14#Мк 12,40Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домо­вите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда. 15Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден следбеник, и кога тоа ќе се случи, тогаш го правите син на пеколот, двојно поголем од вас. 16#15,14; Јн 9,38-41; Рим 2,19Тешко вам, водачи слепи, кои велите: ‚Ако се заколне некој во хра­мот, не е ништо; но ако се заколне некој во златото на храмот, виновен е.‘ 17Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот којшто го осветува златото? 18Исто така велите: ‚Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ 19Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? 20#5,33-37А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него; 21#3 Цар 8,13и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него; 22#5,34; Ис 66,1и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него. 23#3 Мојс 27,30; 5 Мојс 14,22; Ер 5,1; Амос 5,21; Лк 11,42; Рим 3,3Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од на­не, копра и ким, а сте го оставиле нај­важното во Законот: праведноста, ми­лоста и верата; ова требаше да го пра­вите, а и она да не го оставате. 24Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате! 25#Мк 7,4Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и неправда. 26#Јн 9,40Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. 27#Дела 23,3Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто личите на варо­сани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија. 28#Лк 16,15Така и вие, однадвор им се пока­жу­вате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.“
Објавата на казната за лицемерите
(Лк 11,47-51)
29„Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните, 30па велите: ‚Да живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘ 31#Дела 7,52А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците. 32#1 Сол 2,16Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши! 33#3,7; 12,34Змии и рожби аспидини, како ќе побегнете од осудата за во пеколот? 34#1 Кор 12,28Затоа, ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници; едни ќе убиете и распнете, а други ќе тепате по синагогите ваши и ќе ги прогонувате од град во град; 35#27,25; 1 Мојс 4,10; 2 Лет 24,20-22; Откр 16,6; 18,24за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот. 36#24,34Вистина, ви велам: сето тоа ќе дојде врз овој род!“
Исусовата љубов кон Ерусалим
(Лк 13,34-35)
37 # 21,35; 22,6; Дела 7,59 „Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги за­си­пуваш испратените кај тебе! Кол­ку­пати сакав да ги соберам чедата твои, како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, а вие не сакавте. 38#Ер 7,14; 12,7; 22,5; Пс 68,25; Јн 2,19-21Ете, ви се остава пуст вашиот дом. 39#21,9; Пс 117,26; Лк 19,38Зашто ви велам: нема да Ме видите од сега додека не кажете: ‚Благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово!‘“

موجودہ انتخاب:

Матеј 23: MK2006D

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔