YouVersion Logo
تلاش

Матеј 20

20
Парабола за работниците во лозјето
1 # 21,33 „Зашто царството небесно приле­га на домаќин, кој излегол на­утро рано да изнајми работници за своето лозје. 2Па, штом се спогоди со работниците по денариј на ден, ги прати во лозјето свое. 3Потоа, кога излезе околу третиот#20,3 Тоа е околу 9 часот наутро. час и виде други како стојат на паза­риштето без работа, 4#21,28; Кол 4,1им рече: ‚Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа. 5Пак излезе околу шестиот и деветтиот#20,5 Околу 12 и 15 часот. час и направи исто. 6А околу единаесеттиот#20,6 Околу 17 часот. час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ‚Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ 7Тие му рекоа: ‚Бидејќи никој не нѐ повика.‘ А тој им рече: ‚Одете во моето лозје. И што е право ќе добиете.‘ 8#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А приквечер, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘ 9И дојдените околу единаесеттиот час добија по денариј. 10А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по денариј; 11и штом добија, негодуваа против господарот 12и велеа: ‚Овие последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘ 13А тој им одговори и му рече на еден од нив: ‚Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за денариј? 14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе; 15#6,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21зар немам право да чинам со своето што сакам? Или ти е окото завидливо, зашто сум дарежлив?‘ 16#19,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така ќе бидат последните први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, но малкумина се избрани.“
Исус по третпат ја навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)
17И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече: 18#7,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, 19#26,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење
(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)
20 # 27,56 Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го мо­леше нешто. 21#19,28А Тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седнат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“ 22#26,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11Исус одговори и им рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштевањето со кое се крштевам Јас?“ Тие Му одговорија: „Можеме.“ 23#24,36; 26,39И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку кому е подготвено од Мојот Отец.“ 24И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа. 25#Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите народни господарат над народите, и големците владеат над нив; 26#Мк 10,43-44меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; 27#Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга; 28#8,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Исцелувањето на двајцата слепи од Ерихон
(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)
29И кога тие излегуваа од Ерихон, по Него врвеше многу народ. 30#9,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа и рекоа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“ 31А народот ги укоруваше да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Да­ви­дов!“ 32Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“ 33#11,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“ 34#8,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.

موجودہ انتخاب:

Матеј 20: MK2006D

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔