Матеј 11

11
1 # 7,28 И кога ги заврши Исус овие запо­веди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.
Пратеници од Јован Крстител
(Лк 7,18-35)
2 # 3,1 А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца од своите ученици 3#3,11; 5 Мојс 18,15и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“ 4Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: 5#8,3; Ис 26,19; 29,18; 35,5; 35,6; 42,7.18; 61,1; Лк 4,18слепи прогледуваат и сакати прооду­ва­ат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на сиромашните им се проповеда Еван­гелието. 6#13,57; Јн 6,61И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“ 7#3,1.5-6А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот? 8Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се. 9#14,5; 16,14Па, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк! 10#2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2; Лк 1,76; 7,27; Јн 3,28Зашто тој е оној за кого е напишано: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое, кој ќе го при­готви патот Твој пред Тебе.‘ 11Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител, но најмалиот во царството небесно е поголем од него! 12#Лк 16,16А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно со напор се освојува и силните го грабаат, 13зашто сите Пророци и Законот пророкувале до Јован. 14#17,3.10-13; Мал 3,23И, ако сакате да прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде. 15#5 Мојс 29,4; Ис 32,3; Пс 114,6; Лк 8,8; Откр 2,7Кој има уши да слуша, нека чуе!“ 16„А со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по паза­риш­тата, па им довикуваат на своите другари 17и велат: ‚Ви свиревме и не игравте; ви тежевме и не плачевте.‘ 18#3,4; 9,10-11; Лк 1,15Зашто дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а тие велат: ‚Ѓаволот е во него.‘ 19#8,20; 9,11.14; Лк 15,1-2Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, и велат: ‚Еве човек јадач и винопиец, пријател на цариниците и греш­ниците.‘ Но мудроста се оправда преку своите чеда.“
Грешни градови
(Лк 10,13-15)
20 # 13,58; Дан 9,13; Јн 15,24 Тогаш почна Исус да ги укорува градовите во кои се извршија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа. 21#15,21; Ис 23,1-8; Ез 26; Мк 8,22; Лк 6,17 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чудата, што станаа кај вас, тие одам­на би се покајале во вреќиште и пепел; 22но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам! 23#Ис 14,13.15И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше. 24#10,15; Лк 10,12Но ви велам дека на земјата Содом­ска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“
Исусовиот повик
(Лк 10,21-22)
25 # 10,42; 13,11; Дан 2,3-13.18-19; Јн 7,48-49; 1 Кор 1,17-29 Во тоа време, одговори Исус и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил тоа на децата! 26Да, Оче, зашто таква беше вол­јата Твоја. 27#4,3; 16,17; 21,37; 24,36; 28,18; Мудр 2,13; Мк 14,36; Лк 2,49; Јн 1,18; 3,35; 10,15; 20,17; Рим 8,14-17.29; Фил 2,9Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. 28#Ер 31,25; Пс 33,18; Сир 24,19; 51,23-30Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. 29#5,5; Ер 6,16; Изреки 3,17; Дела 15,10; Гал 5,1; Јк 1,21Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокој­ство за душите ваши. 30#Сир 6,23-31; 51,26-27; 1 Јн 5,3Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“

موجودہ انتخاب:

Матеј 11: MK2006D

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔