Матеј 1

1
Родословот на Господ Исус Христос
(Лк 3,23-38)
1 # 9,27; 12,23; 15,22; 20,30-31; 21,9.15; 22,41-45; 1 Мојс 5,1; 15,2-5; 22,15-18; 2 Цар 7,13; Ис 9,2-7; Јн 7,42; 8,33-39; Рим 1,3; 2 Тим 2,8; Откр 5,5; 22,16; Гал 3,16 Книга за родословот на Исус Христос#1,1Христос значи Месија., син Давидов, син Авра­амов. 2#1 Мојс 21,3.12; 25,19.26; 29,35Авраам го роди Исаак, Исаак го ро­ди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и него­ви­те браќа; 3#Рута 4,13.17.22#1 Мојс 38,6.29-30Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тама­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам; 4Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон; 5Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј; 6#2 Цар 12,24Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон; 7#1 Лет 3,10-16Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; 8Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија; 9Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; 10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; 11#4 Цар 24,12-16Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон. 12#1 Лет 3,17.19; Лк 3,27А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; 13Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; 14Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; 15Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; 16#Јн 1,41 #Лк 1,26-27; 2,5Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. 17И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четирина­есет родови; а и од преселувањето вави­лон­ско до Христос – родови четиринаесет.
Раѓањето на Исус Христос
(Лк 2,1-7)
18А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­ри­ја за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Све­тиот Дух. 19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. 20#1,24; 2,12-13.19.22; 27,19; 28,2; 1 Мојс 16,7; 20,3; Дан 2,1; Лк 1,11.27.35; Дела 7,38; 5,19; 8,26; 12,7.23Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. 21#Ис 7,14; Лк 1,31; Пс 129,8; Дела 4,12; Тит 2,14Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ 22#2,15.17.23; 4,14; 8,17; 21,4; 26,56; Лк 4,21; Јн 12,38А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: 23#18,20; 28,20; Ис 7,14„Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ 24Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја прими за своја жена. 25#Лк 2,7И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

موجودہ انتخاب:

Матеј 1: MK2006D

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔