1
Maтеј 27:46
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“ што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
Муқоиса
Maтеј 27:46 омӯзед
2
Maтеј 27:51-52
Во тој миг, завесата во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа! Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа!
Maтеј 27:51-52 омӯзед
3
Maтеј 27:50
Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.
Maтеј 27:50 омӯзед
4
Maтеј 27:54
Римскиот офицер и војниците кои стражареа крај Исус го почувствуваа земјотресот, а ги забележаа и останатите случки. Од тоа многу се исплашија и говореа: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“
Maтеј 27:54 омӯзед
5
Maтеј 27:45
Меѓу дванаесет и петнаесет часот над целата земја се спушти густа темнина.
Maтеј 27:45 омӯзед
6
Maтеј 27:22-23
Тогаш Пилат ги праша: „А што да правам со Исус, наречен ,Месијата‘?“ Тие на сиот глас викаа: „Распни Го на крст!“ „Какво злосторство извршил?“ ги праша Пилат. Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“
Maтеј 27:22-23 омӯзед