1
Јован 15:5
Нов превод на Новиот Завет 2023
MAK2023
Јас сум лозата, а вие прачките; и оној што останува во Мене и Јас сум во него, тој дава многу род; зашто без Мене не можете да правите ништо.
Compare
Јован 15:5ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
2
Јован 15:4
Останете во Мене и Јас ќе останам во вас. Како што прачката не може да носи род сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие не можете, ако не останете во Мене.
Јован 15:4ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
3
Јован 15:7
Ако останете во Мене и зборовите Мои останат во вас, тогаш барајте што и да посакате, и ќе ви биде дадено.
Јован 15:7ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
4
Јован 15:16
Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив, за да одите и род да принесете и вашиот род да остане, та што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде.
Јован 15:16ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
5
Јован 15:13
Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи некој својата душа за своите пријатели.
Јован 15:13ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
6
Јован 15:2
Секоја прачка во Мене, што не дава род, Тој ја отсекува; и секоја, што дава род, ја очистува, за да донесе повеќе род.
Јован 15:2ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
7
Јован 15:12
Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив.
Јован 15:12ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
8
Јован 15:8
Со ова се прославува Мојот Отец: да носите многу род и да бидете Мои ученици.
Јован 15:8ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
9
Јован 15:1
„Јас сум вистинската лоза, а Мојот Отец е лозарот.
Јован 15:1ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
10
Јован 15:6
Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат и ќе изгорат.
Јован 15:6ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
11
Јован 15:11
Ова ви го реков за Мојата радост да остане во вас и вашата радост да биде потполна.
Јован 15:11ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
12
Јован 15:10
Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во Мојата љубов; како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во Неговата љубов.
Јован 15:10ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
13
Јован 15:17
Ова ви го заповедам: да се љубите еден со друг.“
Јован 15:17ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
14
Јован 15:19
Да бевте од светот, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот ве мрази.
Јован 15:19ਪੜਚੋਲ ਕਰੋ
Home
ਬਾਈਬਲ
Plans
ਵੀਡੀਓ