Псалми 37
37
ПСАЛМ 37
Молитва во болест и прогонство
  1Псалм на Давид; за сеќавање, за саботата.
  2  #    
        6,1
         Господи, во јароста Своја не карај ме
и во гневот Свој не казнувај ме,
  3  #    
        Јов 6,4; 16,13; Плач 3,12   зашто стрелите Твои се забија во мене
и Твојата рака тежи врз мене,
  4  #    
        Ис 1,5-6
         нема исцеление за телото мое поради гневот Твој;
нема мир во коските мои поради гревовите мои;
  5  #    
        1 Мојс 4,13; 1 Езд 9,6   зашто беззаконијата мои ја надвишија главата моја,
како тешко бреме ми натежнаа.
  6Засмрдеа и загноија раните мои
поради безумието мое.
  7  #    
        34,14; 41,9   Пострадав и се скрушив сосема,
цел ден натажен одев;
  8зашто слабините ми се исполнија со презир
и нема исцеление за телото мое.
  9  #    
        101,3-5
         Злоставуван бев и прекумерно понижен;
рикав поради воздишките на срцето мое.
  10Господи, пред Тебе е сета моја желба
и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
  11  #    
        6,7; 30,10; 87,6   Срцето ми се вознемири, ме напушти силата моја
и светлината на очите мои – и таа не е во мене.
  12  #    
        30,11; 40,9; 87,8.18; Јов 12,4-5; 19,12-18; Лк 23,49   Пријателите мои и ближните мои ми дојдоа отспротива и застанаа;
и моите најблиски застанаа подалеку од мене,
  13па се засилија оние што ја бараат душата моја,
и оние што ми посакуваат зло, зборуваа бесмислици
и по цел ден кроеја сплетки;
  14  #    
        38,1-2; Ис 53,7   а јас, пак, како глув не слушав
и сум како нем кој не ја отвора устата своја;
  15станав како човек што не слуша
и што во устата своја нема прекор,
  16зашто на Тебе, Господи, се надевав;
Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој.
  17  #    
        12,4; 34,15.19   Зашто реков: „Да не ми се ситат непријателите мои“;
и кога се поколебаа нозете мои,
тие надмено говореа против мене.
  18  #    
        50,4
         Спремен сум за страдање
и мојот јад секогаш е пред мене,
  19  #    
        31,5
         беззаконието свое ќе го објавам
и ќе жалам поради гревот мој.
  20  #    
        34,19; 68,4   А моите непријатели живеат и стануваат посилни од мене
и се намножија оние што неправедно ме мразат,
  21  #    
        34,12; 108,3-5   ме клеветеа оние што ми враќаа зло за добро,
бидејќи тежнеев кон добрина и ме отфрлија мене, возљубениот,
како одвратен мртовец.
  22  #    
        21,1.11; 34,22; 70,18   Не оставај ме, Господи;
Боже мој, не отстапувај од мене;
  23поитај да ми помогнеш,
Господи на моето спасение!
      လက္ရွိေရြးခ်ယ္ထားမွု
Псалми 37: MAK2024PS
အေရာင္မွတ္ခ်က္
မၽွေဝရန္
ကူးယူ

မိမိစက္ကိရိယာအားလုံးတြင္ မိမိအေရာင္ခ်ယ္ေသာအရာမ်ားကို သိမ္းဆည္းထားလိုပါသလား။ စာရင္းသြင္းပါ (သို႔) အေကာင့္ဝင္လိုက္ပါ
Македонско библиско здружение 2024

:
အေရာင္မွတ္ခ်က္
မၽွေဝရန္
ကူးယူ

မိမိစက္ကိရိယာအားလုံးတြင္ မိမိအေရာင္ခ်ယ္ေသာအရာမ်ားကို သိမ္းဆည္းထားလိုပါသလား။ စာရင္းသြင္းပါ (သို႔) အေကာင့္ဝင္လိုက္ပါ
Македонско библиско здружение 2024