1
Јован 11:25-26
Нов превод на Новиот Завет 2023
MAK2023
А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“
ႏွိုင္းယွဥ္
Јован 11:25-26ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
2
Јован 11:40
Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“
Јован 11:40ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
3
Јован 11:35
Исус просолзи.
Јован 11:35ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
4
Јован 11:4
Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за Божја слава – за да се прослави Синот Божји преку неа.“
Јован 11:4ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
5
Јован 11:43-44
Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“ Умрениот излезе, обвиткан со погребни повои по нозете и по рацете; а лицето завиено со крпа. Исус им рече: „Разврзете го и оставете го да оди!“
Јован 11:43-44ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
6
Јован 11:38
А Исус, сѐ уште нажален во Себе, дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа.
Јован 11:38ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
7
Јован 11:11
Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, нашиот пријател, заспал; но одам да го разбудам.“
Јован 11:11ရွာေဖြေလ့လာလိုက္ပါ။
ပင္မစာမ်က္ႏွာ
သမၼာက်မ္းစာ
အစီအစဥ္မ်ား
ဗီဒီယိုမ်ား