Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

ЗаветотПримерок

The Vow

1 ДЕН ОД 6

Заветот за припрема


Во следните шест дена, ќе слушнете брачни завети од шест брачни пара—но не само стандардните завети. Овие завети на припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се завети кои прават бракот да трае долго после свадбата. 


Тајлер и Бет не беа спремни да се запознаат преку текстуална порака, но беа спремни за брак. Конечно кога се запознаа лице в лице, останатото постана историја! 


Бет:


Кога две срца се спојуваат тоа е прекрасно нешто—не не е се убаво. Здрава врска бара искреност, дури и за вашиот товар. Мојот товар изгледаше на емоционални лузни од претходен брак. Мојата доверба беше срушена и моите стравови беа надувани како воздушни перници. Сепак, во Исаија 43:19, Бог им кажа на своите луѓе да не бидат заглавени во минатото, но да препознаат дека Тој прави нешто ново. Јас исто така почувствував дека Бог има нешто ново за мене. Па, намерно решив да се припремам. 


Се молев. Конзистентно го читав Божјиот збор. Слушав мудри пријатели. Се видов со советник. Изучував книги за заздравување. И трпеливо чекав на Божјото време.


Преку сето ова, Бог ги искористи моите негативни искуства и моето заздравување за да ме промени. Тогаш, кога моето срце ја запозна Тајлеровото срце, едноставно се споивме. Ми се допаѓа како го направи тоа. Сега, кога старите стравови пробуваат да се вратат назад, ја имам довербата да разговарам за нив и силата да се борам против нив. 


Тајлер:


Се молев за мојата идна сопрува од кога бев тинејџер. Преку годините, се почувствував како Бог ми даде специфични зборови на кои треба да обрнам внимание: “намера,” “трпение,” и “конзистентност.”


Кога ја запознав Бет, веднаш знаев дека таа беше онаа за која се молев. Таа секогаш беше искрена за тоа како се чувствува и со што се соочува, кое ми помогна да бидам искрен со неа за мојата болка од минатото. Ние постојано се потсетувавме на вистината која се наоѓа во Псалм 147:3 дека Бог ги исцелува скршените. Како што се среќававме, живеевме од трите збора кои Бог ми ги даде. Се љубевме со намера, трпение и конзистентност.


Неверојатно е да се замисли како Бог не припремаше не само за брак, туку еден за друг. И да, ја добив девојката за која се молев, но продолжив да се молам бидејки припремата не завршува на олтарот. Се молам Бог да продолжи да не припрема и променува за секоја нова работа која ја прави. 


Погледнете ги пораките на Заветите.


Ден 2

Опис за овој план

The Vow

Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да тра...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност