Пет молитви на понизностПримерок

Молитва 3: „Господи, Те молам води ме и упатувај ме.“
Како што чекориш по животниот пат, ќе се соочиш со многу непредвидливи и предизвикувачки околности. Но, ако Го прашаш Бога да те води и упатува низ сѐ, Тој ќе ти го покаже патот на успехот во Него и ќе те заштити од патот на неуспех.
Кога Го прашуваш Бога проактивно да те води и упатува, ја признаваш твојата доверба во Него.
Кажувајќи ја оваа многу едноставна молитва од една реченица („Господи, Те молам води ме и упатувај ме!"), остваруваш неколку нешта:
- Ја потврдуваш твојата потреба од Него.
- Покажуваш дека немаш арогантно однесување на сезнајко.
- Признаваш дека ти треба Исус да те води кон безбедно засолниште.
- Активно признаваш дека Тој ги гледа нештата од далеку посупериорна перспектива од тебе; дека Тој знае повеќе од тебе; и дека ти треба Неговата мудрост.
Оваа едноставна молитва укажува на понизно срце и однесување, и Бог ќе те награди за истото.
Па, почни да се молиш! Наведни ја главата, како што си, и помоли се на Бога во името на Исус да те води и упатува. Тој ќе ја слушне твојата молитва. Ќе ти помогне да пловиш низ твојот живот и Неговите планови за тебе — со бескрајна мудрост, онака како што може само Тој.
Свето Писмо
Опис за овој план

Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.
More
Слични Планови

Отстапи го на Бога првото место

Твојата најдобра инвестиција!

Пет молитви на понизност

Ти имаш молитва!

Живеј со сила и храброст!

Библија за деца

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Што е вистинска љубов?

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово
