Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо словоПримерок

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

1 ДЕН ОД 5

Да веруваш на тоа што Бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа Божјо слово

Довербата е одлука. Не е пасивна, туку е активна. Довербата е сигурна послушност на Божјиот збор низ сите околности во животот. Бог зборува, а ти слушаш, Му веруваш и си му послушен/на!

На пример, некој можеби ќе рече, „ Јас верувам дека оваа храна не е отровна.“ Но, ако личноста одбие да ја земе и да ја јаде таа храна, што таа личност кажува преку нејзините дела? Многу е лесно да се каже „ Да, јас имам доверба во Бог. Неговиот Збор е вистинит.“ Секогаш постои избор, а во тоа е вклучено и активно делување кое всушност ни покажува дека личноста навистина верува во она во што таа вели дека ја има ставено својата доверба.

Еден вистински пример на таква доверба беше илустриран во изведбата на Чарлс Блондин, кој беше познат по неговото чекорење на јаже. Тој беше првиот човек кој ги помина Нијагарините водопади чекорејќи на јаже долго околу 400 метри, а поставено 49 метри над водата. Откако ги помина водопадите без да гледа, заврзан со марама преку очите, додека во исто време во рацете туркаше количка на тркала, одејќи на вискои штаки, Блондин праша колкумина од оние кои го гледаат, веруваат дека тој може да пренесе човек со него на другата страна. Мноштвото гледачи почнаа да му аплаудираат и со тоа потврдија дека веруваат во неговата вештина. Тогаш Блондин побара од публиката да се пријави некој волонтер. Веднаш публиката замолкна и никој не се пријави. Беше лесно публиката да искаже дека верува со тоа што му даде аплауз на Блондин. Но, во суштина никој немаше доверба во него која што беше доволна за некој да истапи напред и да го направи тој чекор.

Во Матеј 8:5-13, се раскажува за тоа како Исус беше воодушевен од едноставната, но длабока вера на еден римски офицер. Кога Исус предложи да оди дома со него и да го исцели неговиот слуга, римскот офицер ги искажа овие зборови: „ Господи, само кажи еден збор и мојот слуга ќе оздрави. Зашто и јас сум човек повластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив, ‘Оди,’ и тој оди, а на другиот, ‘Дојди,’ и тој доаѓа.“

Кога Исус го слушна тоа, се воодушеви и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: никаде во Израилот не најдов толкава вера.“ Исус му кажа на римскиот офицер: „Оди си, и како што си поверувал, нека ти биде.“ И неговиот слуга во истиот час оздраве.

Исто како што римскиот војник имаше доверба во Исусовиот Збор, така и ова библиско проучување кое е насочено кон Христовото Евангелие, ќе те поттикне да се потпреш на Бог и неговата Реч и да го живееш својот живот според Неговото Слово.

Секој ден: читај од Библијата, моли се за да го разбереш тоа што го читаш и одговори на прашањата.

На кратко опиши за што се зборува во овој пасус.

Напиши ги сите вистини, ветувања или заповеди кои ги гледаш во текстот.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

ДОВЕРБА: Довербата е активна, не е пасивна; покажува колку нашите зборови соодветствуваат со нашите дела. Довербата е сигурна верба и послушност на Божјиот Збор, без разлика на околностите и последиците. Ова библиско про...

More

Би сакале да му се заблагодариме на NBS2GO, Rebecca Davie и Debbie McGoldrick за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.nbs2go.com/youversion-subscriber-welcome

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност