Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Библија за децаПримерок

Библија за деца

6 ДЕН ОД 7




Кога Исус живееше на земјата Тој им кажуваше на Своите ученици за Рајот. Тој го нарекуваше „Куќата на Мојот Отец”, и кажуваше дека таму има многу палати. Палата е голем, прекрасен дом. Рајот е поголем и попрекрасен од кој било дом на земјата.

Исус рече, „Ќе одам да подготвам место за вас. И ако одам и подготвам место за вас, Ќе се вратам повторно и ќе ве примам кај Мене”. Исус отиде во Рајот, откако воскресна од мртвите. Додека Неговите ученици гледаа, Исус беше подигнат, и облак го одведе Него надвор од нивниот видик.

Од тогаш, Христијаните го паметат Исусовото ветување дека ќе се врати за да ги земе. Исус рече дека ќе се врати ненадејно, кога најмалку се очекува. Но што со Христијаните кои починале пред Тој да дојде? Библијата вели дека тие одат право да бидат со Исус. Да не бидеш во телото е да бидеш присутен со Бога.

Откровение, последната книга во Библијата, ни кажува колку е прекрасен Рајот. Најпрекрасното нешто е тоа што, на многу посебен начин, Рајот е Божји дом. Бог е насекаде, но Неговиот престол е во Рајот.

Ангелите и другите небески суштества го слават Бога во Рајот. Така прават и сите Божји луѓе кои починале и отишле во Рајот. Тие пеат посебни песни за да го слават Бога. Еве неколку зборови од една песна што тие ја пеат: ДОСТОЕН СИ ДА ЈА ЗЕМЕШ КНИГАТА И ДА ГИ СКРШИШ НЕЈЗИНИТЕ ПЕЧАТИ, . . .

ЗАШТО ТИ БЕШЕ ЗАКЛАН И СО СВОЈАТА КРВ НЀ ОТКУПИ ЗА БОГА ОД СЕКОЕ КОЛЕНО, ЈАЗИК, НАРОД И ПЛЕМЕ И НЀ НАПРАВИ ПРЕД НАШИОТ БОГ ЦАРЕВИ И СВЕШТЕНИЦИ;. (Откров. 5:9)

Последните страници од Библијата го опишуваат Рајот како „Нов Ерусалим”. Тој е многу, многу голем, со високи ѕидови однадвор. Ѕидот е од јаспис, чист како кристал. Драгоцени камења ги покриваат основите на ѕидот, сјаејќи со преубави бои. Секоја од градските порти е направена од еден огромен бисер!

Овие големи бисерни порти никогаш не се затворени. Ајде да влеземе внатре и да погледнеме наоколу ... ЛЕЛЕ! Рајот е уште попрекрасен внатре. Градот е направен од чисто злато, како проѕирно стакло. Дури и улиците се направени од злато.

Прекрасна, чиста реки со водата на животот тече од тронот на Бога. На едната страна од реката е дрвото на животот, кое прво постоеше во Градината Едем. Ова дрво е многу посебно. Тоа дава дванаесет различни видови на плодови, различен вид секој месец. И лисјата од дрвото на животот служат за лекување на народите.

Во Рајот не е потребно сонце или месечина за осветлување. Славата на Бога го исполнува со прекрасна светлина. Таму никогаш не е ноќ.

Дури и животните во Рајот се поинакви. Сите се питоми и пријателски. Волците и јагнињата заедно пасат трева. Дури и моќните лавови јадат слама како говедата. ГОСПОД вели, „Тие нема да повредат ниту уништат во Мојата света планина”.

Како што разгледуваме наоколу, забележуваме дека некои нешта недостасуваат во Рајот. Никогаш не се слушаат лоши зборови. Никој не се тепа и никој не е себичен.

Нема катанци на вратите, бидејќи нема крадци во Рајот. Нема лажговци, убијци, волшебници, или други нечесни луѓе. Нема грев од никаков вид во Рајот.

Во Рајот со Бога нема повеќе солзи. Понекогаш, Божјите луѓе плачат поради големата тага во овој живот. Во Рајот, Бог ќе ги избрише сите солзи.

Нема смрт во Рајот, исто така. Божјите луѓе засекогаш ќе бидат со Господ. Нема повеќе тага, нема повеќе плачење, нема повеќе болка. Нема болести, нема разделби, нема погреби. Сите во Рајот се среќни засекогаш со Бога.

Најдобро од се, Рајот е за момчиња и девојки (како и за возрасни) кои веруваат во Исус Христос како нивен Спасител и го слават Него како нивен Господ. Во Рајот има книга наречена Книгата на животот на Агнецот. Таа е полна со имиња на луѓе. Знаете ли чии имиња се напишани таму? На сите луѓе кои веруваат во Исус. Дали твоето име е таму?

Последните зборови во Библијата за Рајот се прекрасна покана. „И Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој чуе, нека каже: ‘Дојди!’ И кој е жеден, нека дојде. И кој сака, нека земе од водата на животот дарум”.

Крај

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Библија за деца

Како започна сето тоа? Од каде дојдовме? Зошто има толку многу мизерија во светот? Има ли надеж? Дали има живот после смртта? Најдете ги одговорите додека ја читате оваа вистинска историја на светот.

Би сакале да се заблагодариме на Bible for Children, Inc. што го обезбеди овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.bibleforchildren.org/languages/macedonian/stories.php

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност