Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Библија за децаПримерок

Библија за деца

3 ДЕН ОД 7




Ное беше човек што го обожаваше Бога. Сите други го мразеа и не го почитуваа Бог. Еден ден, Бог рече нешто вчудоневидувачко.

„Ќе го уништам овој злобен свет,” му кажа Бог на Ное. „Само твоето семејство ќе биде спасено”.

Бог го предупреди Ное дека ќе се случи голем потоп и ќе ја прекрие земјата. „Изгради дрвен ковчег, брод кој ќе биде доволно голем за твоето семејство и многу животни,” му беше наредено на Ное. Бог му даде на Ное точни упатства. Ное се зафати со работа!

Луѓето веројатно му се потсмеваа кога Ное објаснуваше зошто гради ковчег. Ное продолжи да гради. Тој исто така продолжи да им кажува на луѓето за Бог. Никој не го слушаше.

Ное имаше цврста верба. Тој му веруваше на Бог иако дури дожд никогаш немаше паѓано претходно. Наскоро ковчегот беше готов да се натовари со залихи.

Сега дојдоа животните. Бог донесе седум од некои видови, два од други. Птици големи и мали, ѕверови тенки и високи правеа пат до ковчегот.

Можеби луѓето извикуваа навреди по Ное кога тој ги товареше животните. Тие не престануваа да грешат против Бог. Тие не побараа да влезат во ковчегот.

Конечно, сите животни и птици беа натоварени. „Дојди во ковчегот”, Бог го покани Ное. „Ти и твоето семејство”. Ное, неговата жена, неговите три сина и нивните жени влегоа во ковчегот. Тогаш Бог ја затвори вратата!

Тогаш почна дождот. Се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи.

И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите градови и села. Кога дождот запре, дури и планините беа под вода. Се што дишеше воздух умре.

Како што надоаѓаше водата, ковчегот пловеше над нивото. Можеби внатре беше темно, можеби нерамно, па дури и можеби страшно. Но ковчегот го заштити Ное од потопот.

По пет месеци поплава, Бог испрати ветар што суши. Полека, ковчегот дојде до ридовите на планината Арарат. Ное остана внатре уште четириесет дена додека се намалуваше водата.

Ное испрати гавран и гулаб низ отворениот прозорец на ковчегот. Не можејќи да најде суво и чисто место за одмарање, гулабот се врати кај Ное.

Една недела подоцна, Ное се обиде повторно. Гулабот се врати со ново ливче маслина во клунот. Следната недела Ное знаеше дека земјата беше сува бидејќи гулабот не се врати.

Бог му кажа на Ное дека е време да го напушти ковчегот. Заедно, Ное и неговото семејство ги растоварија животните.

Колку благодарен Ное морал да се почувствува! Тој изгради олтар и го обожуваше Бог Кој го спаси него и неговото семејство од ужасниот потоп.

Бог му даде на Ное прекрасно ветување. Никогаш повеќе Тој нема да испрати потоп да суди за човечкиот грев. Бог даде голем потсетник на Неговото ветување. Виножитото беше знак на Божјото ветување.

Ное и неговото семејство најдоа нови почетоци по потопот. Со време, неговите потомци ја населија целата земја. Сите нации на светот доаѓаат од Ное и неговите деца.

Крај

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Библија за деца

Како започна сето тоа? Од каде дојдовме? Зошто има толку многу мизерија во светот? Има ли надеж? Дали има живот после смртта? Најдете ги одговорите додека ја читате оваа вистинска историја на светот.

Би сакале да се заблагодариме на Bible for Children, Inc. што го обезбеди овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.bibleforchildren.org/languages/macedonian/stories.php

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност