Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Библија за децаПримерок

Библија за деца

2 ДЕН ОД 7




БОГ СОЗДАДЕ СЕ! Кога Бог го создаде првиот човек, Адам, тој живееше во Градината Едем со својата жена, Ева. Тие беа совршено среќни почитувајќи го Бога и уживајќи во неговото присуство се додека еден ден ...

„Ти кажа ли Бог да не јадеш од секое дрво?” змијата ја праша Ева. „Може да јадеме од секој плод освен еден”, одговори таа. „Ако јадеме или го допреме тоа овошје, ќе умреме”. „Нема да умрете”, и се потсмеа змијата. „Ќе станете како Бог”. Ева го посака овошјето од тоа дрво. Таа ја послуша змијата и го изеде овошјето.

Откако Ева не го послуша Бога таа му даде на Адам да јаде од овошјето исто така. Адам требало да каже, „Не! Јас нема да не го послушам Словото Божјо”.

Кога Адам и Ева грешеја, двајцата сватија дека се голи. Шиејќи смоквини лисја си направија опашала, се покрија и скрија во грмушка од присуството на Бога.

Во ладот на приквечерината Бог дојде во градината. Тој знаеше што направиле Адам и Ева. Адам ја обвини Ева. Ева ја обвини змијата. Бог рече, „Змијата е проколната. Жената со болки ќе раѓа деца”. „Адам, бидејќи ти грешеше, земјата е проколната со трње и троскот. Ќе се мачиш и потиш да ја добиеш храната што ќе ја јадеш”.

Бог ги изгони Адам и Ева од прекрасната градина. Бидејќи тие грешеле, беа одделени од живототворниот Бог!

Бог направи огнен меч за да ги задржи надвор. Бог направи облека од кожи за Адам и Ева. Од каде Бог ги зеде кожите?

Со време, Адам и Ева направија семејство. Нивниот прв син, Каин, беше земјоделец. Нивниот втор син, Авел, беше овчар. Еден ден Каин му однесе на Бога малку зеленчук како подарок. Авел му го однесе најдоброто од неговите овци како подарок на Бога. Бог беше задоволен со подарокот на Авел.

Бог не беше задоволен со подарокот на Каин. Каин многу се налутил. Но Бог рече, „Ако правиш што е добро, зарем нема да бидеш прифатен?”

Гневот на Каин не помина. Некое време подоцна во полето тој го нападна Авел – го уби!

Бог му реше на Каин. „Каде е братот твој, Авел?” „Не знам”, излажа Каин. „Зар сум јас чувар на братот мој?” Бог го казни Каин така што му ја одзеде способноста за обработка на земја и го направи скитник.

И си отиде Каин од пред лицето на ГОСПОДА. Тој се ожени со ќерката на Адам и Ева. Тие основаа семејство. Наскоро, внуците и правнуците на Каин го исполнија градот што тој го основаше.

Во меѓувреме, семејството на Адам и Ева брзо раснеше. Во тоа време луѓето живееја многу подолго отколку денес.

Кога се роди нејзиниот син Сет, Ева рече, „Бог ми го даде Сет да го замени Авел”. Сет беше побожен човек кој живееше 912 години и имаше многу деца.

Во светот, луѓето стануваа се послаби и послаби како што се менуваа генерации една со друга. Конечно, Бог реши да го уништи човештвото и . .

... сите ѕверови и птици. Бог зажали што го создаде човекот. Но еден човек го задоволи Бога ...

Тој човек беше Ное. Потомок на Сет, Ное беше праведен и невин. Тој чекореше со Бога. Тој исто така ги научил трите сина на послушност кон Бога. Сега Бог планираше да го искористи Ное на многу чуден и посебен начин!

Краj

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Библија за деца

Како започна сето тоа? Од каде дојдовме? Зошто има толку многу мизерија во светот? Има ли надеж? Дали има живот после смртта? Најдете ги одговорите додека ја читате оваа вистинска историја на светот.

Би сакале да се заблагодариме на Bible for Children, Inc. што го обезбеди овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.bibleforchildren.org/languages/macedonian/stories.php

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност