Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Отстапи го на Бога првото местоПримерок

Отстапи го на Бога првото место

4 ДЕН ОД 5

„Победување на животните битки со Божја помош“

Има борба која трае цел живот која се води за нашите животи. Од една страна е влијанието на старата грешна природа –оние стари примамливи тенденции, искушенија и гревови кои биле тешки за нас да се надминат. Со текот на времето како што созреваме во нашето чекорење со Бога, влијанието на нашата грешна природа ослабнува. Од друга страна е растечкото влијание на приуството на Светиот Дух во нашите животи. Тие се две спротивставени сили како што е опишано во Галатјаните:

„Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. Зашто, телото сака противни ра¬бо¬ти на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате“. – Галатјаните 5:16 -17

Божјиот збор нè охрабрува да живееме според Духот. Со други зборови, ние мораме да дозволиме влијанието на Светиот Дух да го преземе влијанието врз нашата грешна природа во нашите животи.

Многу пати, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Нашата грешна природа нè поттурнува да направиме одлуки за да ги задоволиме себичните амбиции и страсти. Ова се нарекува искушение, а Јаков тоа го опишува вака:

Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата по¬хота која го влече и мами“. – Јаков 1:13 -14

Не додека одлуката од наша страна да се предадеме на искушението тоа станува грев.

„Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт“. – Јаков 1:15

Сепак неверојатно е дека, како дел од Божјата длабока љубов и милост која се шири до сите Христијани, Бог ни простува и нè прочистува од сите наши гревови. Нам ни е апсолутно простено 100%.

„Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос¬ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда“. – 1 Јован 1:9

Но сепак има опасност гревот да остане неоткриен. Додека Бог ни простува и прочистува, Тој потполно не ја отстранува уништувачката патека на последиците и околностите кои гревот ги остава зад себе. Додека Бог секогаш ќе ни помогне во тешки времиња, дури и кога ссе донесени од наши одлуки, нашето најдобро дејство кое ќе го направиме е да ги избегнеме оние одлуки од самиот почеток.

I Коринтјаните опишува два важни аспекти во ефективното справување со искушението и гревот:

„Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со ис-кушението ќе ви даде и излез, за да мо¬же¬те да издржите“. - 1 Коринтјаните 10:13

Прво ние не сме сами во нашата борба. Можеш да знаеш дека има и други христијани, без разлика дали се 30 дена или 30 години во нивното чекорење со Бога, кои сè' уште се борат со гревот и искушението вообичаени за тебе.

Второ, Бог нема да дозволи да бидеме искушувани над точката кога веќе не можеме да ја направиме одлуката да го избегнеме гревот. Тој секогаш ќе ни даде начин да побегнеме. Нашата работа е, колку и напорно тоа да изгледа, е да најдеме начин надвор од нашето искушение.

Следниот дел дава стратегија врз основа на Библијата за успешно справување со гревот и искушението. Спроведувањето на овој план на дело е уште еден начин да му се даде на Бога првото место во твојот живот!

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Отстапи го на Бога првото место

Отстапувањето на првото место на Бога во нашите животи не е настан од еден ден, туку долготраен процес за секој христијанин. Без разлика дали си нов во верата или си одамнешен следбеник на Христа, овој план ќе ти биде ле...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност