Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Отстапи го на Бога првото местоПримерок

Отстапи го на Бога првото место

3 ДЕН ОД 5

„Бог сака прво место во твоето срце“

Во денешното општество, многу ја оценуваат својата вредност според богатството, колку високо се на „бизнис скалата“, колку успешен е нивниот бизнис, или едноставно, кого го познаваат.

Но ако нашето гледиште за значајност е поставено врз основа на овие работи, ние ќе се чувствуваме убаво само кога ќе просперираме во овие области. Кога нашето богатство и успех се намалуваат, ќе се намали и нашето самвореднување, бидејќи нашата основа не е цврста. Исус ова го опиша вака:

„А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше големо“. – Лука 6:49

Нашиот идентитет е онолку стабилен колку и основата врз која го градиме. Со утврдување на нашиот идентитет на најцврстата основа од Исус Христос, нашето чувство на исполнетост во животот нема да зависи од променливите состојби на привремените работи.

Кога Христос е нашата основа, нашата стабилност е ваква:

„Тој прилега на човек кој градел ку¬ќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на ка¬мен“.-Лука 6:48

За момент размислете за многуте избори во животот врз кои можеби ќе мора да ја градите својата основа на значајност. Тие може да вклучуваат богатство, кариера, изглед, семејство, слава, моќ или познанства. Има ли и други на кои можеш да се сетиш? Од сите работи врз кои би го утврдил својот идентитет, само Исус ни ветува победничко христијанско живеење.

Но ако ги преиспиташ останатите избори, ниту еден од нив се лоши или злобни од коренот. Всушност, во многу ситуации, тие се многу важни области на одговорност кои Бог ни ги дал во нашите животи. Но во книгата на Матеј, Исус ни помага да си најдеме рамнотежа.

„Затоа ви велам: немојте да се гри¬жите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеката? Погледнете ги птиците небески: тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?“ – Матеј 6:25 -26

Кога ќе ја употребиме оваа вистина во нашите животи, ние наоѓаме мир и исполнетост, слободни од грижа и анксиозност. Оваа рамнотежа се постигнува кога го ставаме Исус на прво место во сите области во нашите животи.

„Но, барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде“. – Матеј 6:33

Сите ние имаме соништа, цели и амбиции бидејќи така нè создал Бог. Но да се стави Исус на прво место, треба да те води кон тоа да ги преиспиташ своите приоритети и мотиви, заради што сакаш да ги правиш или постигнеш работите кои ги посакуваш. Кога Тој е на прво место во твоите соништа и амбиции, твојата иднина ќе биде исполнета со големина и радост!

Кога Бог ти го скренува вниманието од некој сомнителен мотив, твојот најважен одговор треба да биде волјата да се направат промени. Промената може понекогаш да биде тешка, но Бог секогаш ни го сака најдоброто и сака да растеме духовно.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Отстапи го на Бога првото место

Отстапувањето на првото место на Бога во нашите животи не е настан од еден ден, туку долготраен процес за секој христијанин. Без разлика дали си нов во верата или си одамнешен следбеник на Христа, овој план ќе ти биде ле...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност