Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Живеј со сила и храброст! Примерок

Живеј со сила и храброст!

5 ДЕН ОД 8

„Тој Спасението го прави лична реалност”

Додека Исус беше Оној кој плати за нашето спасение, присуството на Бог преку Светиот Дух е она што го прави спасението лична реалност за секој кој го прими. Исус јасно ни покажа дека не примаме спасение само кога се раѓаме. Има духовна преродба која мора да се случи, таква каква чиј што единствен автор може да биде Светиот Дух.

„А Исус му одговори: „Вистина, вис¬тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар¬ството Божјо; зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух“. – Јован 3:5 -6

Моментот кога некој го прими Христос во својот живот, предизвикува духовна обнова во неговата внатрешна личност, која води ди целосно отстранување на казната за гревот од неговиот живот.

Згора на тоа, Светиот Дух дејствува во животите на неверниците за да им ја открие неверојатната љубов на Бога за нив.

Исус рекол,

„А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Ду¬хот на Вистината, Кој излегува од Оте¬цот, Тој ќе сведочи за Мене“. – Јован 15:26

Денес, Светиот Дух ја продолжува Неговата прекрасна служба со тоа што ја прави позната љубовта на Бога според објавувањето на Исус, персонифицираната љубов на Бога и сето она што Тој го претставува како на верниците така и на неверниците во нашиот свет.

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Живеј со сила и храброст!

Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност