Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Живеј со сила и храброст! Примерок

Живеј со сила и храброст!

3 ДЕН ОД 8

„Рајскиот Амбасадор – Светиот Дух”

Амбасадорот е официјален претставник на една влада пратена од друга за да живее помеѓу нејзините луѓе, за да ја постигне мисијата за мир и добра волја. Тој ги исполнува своите должности со авторитетот, благородноста и изворите на владата која ја претставува. Со најголемата доверба која му е доделена, тој ја постигнува својата цел со достоинство и во целост.

На многу начини, мисијата на Светиот Дух е слична на амбасадор од Рајот. Светиот Дух го отелотворува целиот авторитет, сила и извори од Бога, и ја изразува и открива Божјата љубов на секоја личност на земјата преку Неговото присуство и Неговото дело.

Како што привршуваше времето на Исус со Неговите апостоли, Тој им кажа дека тие нема да бидат оставени сами откако Тој ќе си замине. Тој им кажа за Оној кој ќе им биде испратен на Неговото место да биде со нив, да ги води, поучува, утешува и да ги предводи - Светиот Дух.

Исус рече:

„Но Јас вистината ви ја кажувам: по¬добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам“. – Јован 16:7

Откако работата на Исус беше завршена, Тој ни го испрати Светиот Дух да биде со нас на неговото место сè додека тој не се врати повторно. Светиот Дух дава водство, предводење, утеха и совет за нашите животи. Исус вака го опишува Светиот Дух на Неговите апостоли:

„А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на¬помни за сѐ што сум ви зборувал“. – Јован 14:26

Божјото присуство е со нас денес во формата на Светиот Дух и Тој активно работи во нашиот свет и нашите животи.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Живеј со сила и храброст!

Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност