Подобар начинПримерок

Непоколеблива послушност
Многу разговаравме за ветувањето на Исус за подобар начин на живот, но под услов да го напуштиме нашиот пат за да го следиме Неговиот. Со други зборови—послушност.
Исус ни кажува многу јасно:
… “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи; зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде.” Матеј 16:24-25 MK2006
Да се следи Исусовиот пат значи да заборавиме на нашите планови за да ја следиме Неговата цел, а Неговата цел е секогаш поголема од тоа што ние сме способни да видиме.
Всушност, Петар го критикуваше Исус кога ја предвиди Неговата смрт, но неколку мига пред Исус да ја даде изјавата за напуштање на нашиот пат, му одговори:
… “Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“ Матеј 16:23 MK2006
Ние можеби мислиме дека знаеме што е најдобро, но имаме познавање на само мал дел од приказната. Што ако најголемиот противник на животот кој сакаш да го живееш е твојот живот кој моментално го живееш? Што ако тоа цврсто држење до твоите животни навики те спречува да уживаш во животот?
Писмото не потсетува дека има патишта кој на нас ни изгледаат дека се правилни, но нивниот крај води кон смрт (Изреки 14:12).
Среќа, Исус дојде за да ни понуди подобар начин на живеење и овој начин, води кон живот.
Но начинот на Исус ја вклучува потребата да му се предадеме целосно на Него.
Таа послушност нема секогаш да биде лесна, дури и Исус мораше да биде послушен на Неговиот Татко до смртта на крстот. Тој побара излез од таа ситуација додека се молеше во агонија уште пред да биде уапсен. Сепак, Тој ги предаде Неговите желби на Божјата волја, што ги одведе до спасение сите оние кои го прифатија како нивен Спасител.
Па, кога ќе погледнеш на твојот живот, што мислиш, како ти оди следењето на Исусовиот пат? Дали пробуваш да работиш за Исус или го искусуваш Исусовото дело во себе?
Сега е времето да го напуштиш својот начин и да го следиш Неговиот, знаејки дека во моментот кога тоа ќе го сториш вистински ќе искусиш што значи да се живее на подобар начин.
Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе би сакал да стојам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во шаторите на нечестието. Псалми 84:10 MK2006
Моли се: Боже, ти благодарам за тоа што преку Исус ни покажуваш подобар начин. Помогни ми целосно да го напуштам мојот и да го следам Твојот пат, знаејки дека е многу подобар отколку што може да замислам. Јас го барам твоето водство и сакам да ти бидам послушен, покажи ми како да живеам како тебе. Во името на Исус, амин.
Практикувај: Помини време во молитва барајки од Бог да ти го покаже начинот на кој можеш да му бидеш целосно послушен, и спроведи го!
Опис за овој план

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.
More
Слични Планови

Живеј живот со цел!

Ти имаш молитва!

Твојата најдобра инвестиција!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Живеј со сила и храброст!

Библија за деца

Отстапи го на Бога првото место

Што е вистинска љубов?

Пет молитви на понизност
