Подобар начинПримерок

Несопирлива споредба
Дали некогаш ти се случува да изгубиш осет за потребите на луѓето или немаш доволно капацитет да се грижиш за сите лоши вести што ги слушаш наоколу?
Со постојаното слушање на новости, не е воопште чудно што нивото на нашата емпатија се намалува и целата оваа состојба на апатија прави да се чувствуваме празни.
Мора да има подобар начин да живееме.
Последниот стих од 1 Коринтијаните 12, нѐ просветлува на оваа тема:
… а сега ви покажувам еден многу повозвишен пат. 1 Коринтијаните 12:31 МК2006
Веднаш после овој стих Павле продолжува со познатата глава од оваа книга во Библијата позната како глава посветена на љубовта. Таа се цитира на свадби и често ја гледаме испреплетена во ветувањата кои ги даваат младоженците во кои опишуваат во каква љубов би сакале да живеат.
Сѐ започнува со ова чувство кое нѐ облева со љубов и сочувство:
Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. 1 Коринтјаните 13:1 MK2006
Без присуство на љубов ние сме никој и ништо. Поради тоа одговорот на ова Исус го дава преку најдобрите две заповеди, да го љубиме Бог и нашите соседи како самите себе.
После овој одговор, Исус продолжи со раскажување на една приказна која покажува на што нѐ повикува таа љубов и сочувство. Приказната ја нарекуваме “парабола за добриот самарјанин“ и во таа приказна ќе се запознаеме со еден повреден човек кој бил исфрлен на страна од патот, свештеникот на поминување го видел и го одминал, а после тоа исто така и неговиот помошник.
Сепак, омразениот самарјанин покажува сочувство према човекот, ги преврза неговите рани, го однесе во гостилница да го нахрани и му понуди да ги плати сите негови долгови. Неговото сочувство го доведе до момент да направи добро дело и жртва.
Она што е интересно во приказната е што всушност самарјанинот не направил. Тој воопшто не поставувал прашања ниту пак носел некакви заклучоци, тој само се сочувствувал. Не го одминал и се запрашал “што ли направил за да го заслужи ова?“ Тој не го осудил, туку се погрижил за него.
Ваквиот однос, како пример даден од Исус, може да го најдеме во Јован 8 во моментот кога религиозните водачи го прашале Исус за Негово мислење за тоа што да прават со жената блудница. Законот кажува дека треба да се каменува, но Исус виде можност да покаже љубов према неа.
Тој им предложи да фрлат камења на неа тие кои се безгрешни, додека Тој—единствениот кој е без грев—ја погледнал во очи и наместо да ја осуди, ја поканил да живее безгрешен живот и да го следи Неговиот подобар пример.
Ние исто така сме повикани да живееме со истото сочувство. Не е наша задача да обвинуваме, туку да поврзуваме.
Моли се: Боже, сфаќам дека сум отрпнат на сочувство за болката на луѓето. Помогни ми да ја отфрлам таа удобност и да се сочувствувам со нив. Крши ми го срцето за работите кои го кршат твоето и покажи ми како да се поврзам со луѓето на начин на кој ти се поврзуваш. Во името на Исус, амин.
Практикувај: Размисли на кој начин можеш да се сочувствуваш денес со некого и направи го тоа.
Опис за овој план

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.
More
Слични Планови

Библија за деца

Што е вистинска љубов?

Живеј со сила и храброст!

Ти имаш молитва!

Живеј живот со цел!

Отстапи го на Бога првото место

божиќ о, дојдете да го прославиме!

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Твојата најдобра инвестиција!
