Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Подобар начинПримерок

A Better Way

5 ДЕН ОД 7

Целосно внимание

Сите сме поминале низ тоа да се има потреба од совет или помош од блиски пријатели за некој проблем со кој се соочуваме. Твојот пријател можеби клима со главата, но гледа во телефонот, со што ти укажува дека вниманието е насочено насекаде освен на тебе. 

Ваквата ситуација знае да нервира, но ако бидеме искрени може слободно да кажеме дека и ние сме се наоѓале во иста позиција како пријателот некогаш во животот. Иако имаме најдобра намера, понекогаш е тешко да го посветиме нашето целосно внимание на луѓето. 

Истото ова го правиме и во молитва. Се молиме и одеднаш нашите мисли одлетуваат некаде и воопште не се ни сеќаваме како сме стигнале до таму со размислувањето. 

Можеш да се пронајдеш? 

За среќа, Исус и на оваа тема има да ни понуди подобар начин. Исус беше постојано прекинуван, но Неговото внимание никогаш не беше нарушено. 

Како е возможно и двете нешта да се одвиваат паралелно, да може да одговори на прекинувањата без да го наруши Неговиот фокус? 

Исус не дозволуваше краткотрајните цели да му попречат во извршувањето на Неговата долготрајна мисија. 

Размисли за тоа колу различно мислење би имале за Исус доколку Тој беше постојано во брзање, одбивајки го секој што ќе му пријде и ќе му го попрачи патот. На пример, замисли, во Марко 8 глава, каде што има ситуација во која луѓето му приоѓаат на Исус да го замолат да го излечи слепиот човек и Тој да одговори “се извинувам, но морам да одам во Кесарија Филипова, таму имам важна работа да завршам во името на Бог.“

Сигурно би бил разочаран и загрижен, нели? Би се чудел зошто Исус би ја користел Божјата задача како оправдување за пропуштање на можноста да ја покаже Божјата љубов на дело пред тие луѓе. 

Поради тоа, Исусовиот одговор е неверојатно добар. Всушност, тоа што се случи во Марко 8 глава е прекрасен момент каде што Исус го посветува своето целосно внимание на слепиот човек.

Тој го одведе човекот на страна од толпата луѓе, ги положи Неговите раце на него и го исцели—два пати. Значи Исус одвои време не само за да го исцели физичкиот проблем туку и да го развие неговото духовно здравје. 

Ова не беше нешто што му се случило за прв пат на Исус, во текот на Неговата служба Тој беше прекинуван многу пати и секогаш со ваквите работи се справуваше со милост, љубов и вистина. 

А ние? 

Кога ќе видиме некој со некаква потреба, дали го одминуваме со тоа што се брзаме да ја завршиме следната обврска? Кога разговараш со твојот пријател или некој близок, дали му посветуваш внимание или продолжуваш со пребарување низ телефонот.  

Да го следиш Исус значи да го живееш начинот на кој Исус живее, па да бидеме луѓе кои го посветуваат своето целосно внимание на оние околу нас, знаејки дека додека го правиме ова, сѐ повеќе наликуваме на Христос.

Моли се: Боже, разбирам дека се борам со проблемот да го посветам целосно моето внимание на Тебе и на луѓето. Ти благодарам за тоа што секогаш ми посветуваш внимание и за начинот на кој трпеливо и постојано ја покажуваш Твојата љубов за мене. Помогни ми да ја покажам истата љубов по твојот пример пред луѓето со кои ќе се соочам во текот на следниот период и помогни ми да започнам да гледам на прекините како можност да ја искажам Твојата љубов. Во името на Исус, амин. 

Практикувај: Подари го твоето присуство на некого во текот на денешниот ден, остави го твојот телефон, слушни го Бог и слушни низ што сѐ поминуваат луѓето како тебе во текот на денот.

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

A Better Way

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајф.Чрч што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.life.church/