Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Подобар начинПримерок

A Better Way

3 ДЕН ОД 7

Нерасипливо заедништво со Таткото

Вчера разговаравме за тоа како да го замениме темпото на нашиот зафатен живот со темпото на мирот, трикот е во тоа дека вистинскиот мир можеме да го пронајдеме само во Божјото присуство. 

Не е возможно само да се одмараме и да очекуваме дека ќе се случи чудо, наместо ова, треба активно да трагаме по Бог и да веруваме дека само Тој може да ни го овозможи одморот што ни е потребен. 

Исус ни постави пример за ова со тоа што често се повлекуваше на места каде што може да биде осамен со цел да се моли и не повикува и нас да ја правиме истата работа. Во Јован 15 глава Тој објаснува: 

“Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да на­правите ништо.” Јован‬ ‭15:5‬ ‭MK2006‬‬

Не можеме да направиме ништо одвоени од Исус, поради тоа, најважното нешто што можеме да го направиме е да се поврземе со нашиот Создател и во Него ќе пронајдеме сѐ што ни е потребно. 

Но што можеш да направиш доколку се обидуваш да се поврзеш со Таткото, а сепак се чувствуваш се поодалечено од Него? 

  1. Продолжи да се молиш. Во Лука 18:1-8, Исус ја раскажува приказната за упорната вдовица која не престанувала да бара правда од тврдоглавиот судија, за судијата на крај да попушти поради нејзината упорност. Поентата е дека, можеби нема веднаш да ги добиеш одговорите кои ги сакаш—или имаш чувство дека воопшто не добиваш одговори—но знај дека Бог те слуша и твоето трпение ќе се исплати.
  2. Преиспитај го твоето барање. Можеби недостатокот на одговори е показател дека треба поинаку да го формулираш барањето. Можеби бараш од Бог нешто да ти разјасни, но Тој сака да го потпомогне твојот раст на довербата во Него, па наместо да се молиш за разјаснување, можеш да побараш поголема доверба во Божјиот план. Секако дека можеш да бараш од Бог сѐ што ќе посакаш, но пред да го направиш тоа земи ги во предвид твоите вистински потреби и фокусирај се на тоа. 
  3. Направи промена. Размисли за твоите најблиски пријателства што си ги стекнал наназад низ годините, сигурно некои од врските се промениле со текот на времето, нели? Сигурно би било досадно доколку ги имате истите разговори секогаш кога сте заедно во друштво. На истиот начин, потребно е да размислуваме за тоа како да го промениме нашиот молитвен ритуал! Можеш да ги запишуваш своите молитви, да се молиш како во Псалмите или да ја кажеш Господовата молитва, помини повеќе време слушајки, шетај додека се молиш или моли се во заедништво со други луѓе. 

Дури и Давид—човекот со Божјо срце—напишал некои Псалми каде што му плаче на Бог поради тоа што не добива одговор на неговите молитви, така што не си сам доколку се чувствуваш оддалечено од Бог, знај дека Тој е со тебе, Тој е за тебе и ќе те пресретне во моментот кога ќе одлучиш да не се предадеш. 

Моли се: Боже, во последно време чувствувам недостаток од твоето присуство. Знам дека Ти си тука, но ми изгледа како да не можам да се поврзам со Тебе. Покажи ми ги деловите од мојот живот кои треба да ги променам, за да можам да го слушнам Твојот глас и помогни ми да те доживеам на нов начин. Ти благодарам што секогаш ме слушаш. Во името на Исус, амин. 

Практикувај: На кој начин можеш да внесеш промена во својата молитвена пракса оваа седмица? Размисли за ова и посвети се на тоа да испоробаш различен начин на молитва во следните неколку дена. 

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

A Better Way

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајф.Чрч што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.life.church/