Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започнување на врска со ИсусПримерок

Beginning A Relationship With Jesus

7 ДЕН ОД 7

„Сега што?“



Да се ​​биде христијанин значи „да се биде“ во Исус. Едноставно кажано, почнуваш живот во кој „пребиваш“ и „остануваш“ во Него. Што значи тоа? Тоа значи дека настојуваш да растеш во меѓусебниот однос со Него, со тоа што целосно ќе ги доведеш своето срце, душа, ум и сила во таа меѓусебна врска (Марко 12:30; Лука 10:27).



Еве пет начини на кои остануваме „во меѓусебен однос“ со Исус Христос:



Меѓусебен однос со другите христијани



Црквата е група луѓе кои влегле во меѓусебен однос со Исус и затоа Исус им простил и тие сакаат да живеат за Исус. Растот во меѓусебниот однос со Исус е потпомогнат од присуството во црквата. Тука, во црквата, заедно со другите верници, ние учиме, растеме, поставуваме прашања, служиме, го бараме и го прославуваме Бог заедно.



Божјото водство преку читање и учење на Библијата



Растејќи во меѓусебниот однос со Исус Христос, ќе почнеш да дознаваш повеќе за Библијата. Библијата е Божји Збор, и тоа е еден од најважните начини на кои Тој ни се открил и ја открил Неговата желба и дизајн за нашите животи. Колку повеќе ја знаеш Библијата, толку повеќе ќе го запознаваш самиот Бог.



Разговор со Бог преку молитва



Целта на молитвата е иста како и целта на другите свесни разговори: да се зближиме заедно во еден значаен меѓусебен однос. Ова значи дека молитвата покрива голем број теми. Молитвата подразбира споделување идеи, слушање, поставување прашања, барање помош, изразување за да се биде разберен, исповедање и искажување тага, благодарење, или едноставно само да се биде заедно со Бог.



Дејствување преку служење



Преземањето дејство преку служење, преку грижата и преземањето иницијатива кон луѓето го изразува срцето на Божјата љубов кон нив, а исто така е значаен начин на кој ќе растеш во твојот меѓусебен однос со Исус. Зошто? Затоа што тоа го направил и Исус. Исус рекол: „Зашто дури и Синот Човечки не дојде да му служат, туку да служи“ (Марко 10:45).



Во изразувањето на љубовта кон Бога преку прославување



Прославувањето е наше изразување на почит, благодарност и воодушевување кон Бог. Прославувањето може да се случи кога си сам/а или на стадион со илјадници други луѓе. Може да се случи во црковна зграда или на планинска ливада. Прославувањето е твој автентичен и искрен израз кон Бога.



Ако ти се допадна овој план и сакаш да ја добиеш целата книга според која е направен, кликни овде

Ден 6

Опис за овој план

Beginning A Relationship With Jesus

Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Два...

More

Благодарни сме на Дејвид Двајт, Никол Јунис и Дејвит К Кук за овој план. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/start_here/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност