Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започнување на врска со ИсусПримерок

Beginning A Relationship With Jesus

6 ДЕН ОД 7

„Кој е Бог?“



Разбирањето на неколку главни нешта за Бог ќе ти помогне кога ќе почнеш да го следиш. Ајде да зборуваме за четири од Божјите особини:



Бог е вечен



Бог го користи секој можен збор за да се опише себеси како надвор од времето: вечен, засекогаш, беше, е и ќе дојде. Бог е вечен. Вечноста не значи многу, многу долго време. Тоа е нешто „безвременско“. Тоа значи „надвор од димензијата на времето“.



Бог е во меѓусебен однос



Библијата на многу места учи дека Бог постои како три лица, заедно во совршено единство. Ова се вика Тројство. Наместо да биде соло фигура, Бог на Библијата е Бог Отецот, Бог Синот (Исус Христос), и Бог Светиот Дух. Тие се три различни личности, но тие живеат и делуваат во совршено единство.



Бог е совршен



Бог нема недостаток и никогаш нема потреба од подобрување. Тој нема недостатоци во карактерот, чистотата, знаењето, моќта или способноста. Особено за разлика од нас, Бог е совршено морален. Библијата вели: „Бог е светлина; во Него воопшто нема мрак“ (1 Јован 1:5).



Бог е „сѐ“



Бог е сеприсутен, Тој е семоќен, и Тој е сезнаен. Овие зборови значат (редоследно) дека Бог е „насекаде“, дека Тој ја има „сета моќ“ и дека Тој „знае сѐ.“ Тој е способен да биде насекаде истовремено, Тој е моќен над сите нешта, и Тој ги знае сите работи.



Зошто сето ова е важно?



Разбирањето на Божјата бесконечност ми дава надеж. Знаејќи дека Тој е во меѓусебен однос значи дека и јас можам да разговарам со Него. Знаењето дека Бог е совршен значи дека дури и кога не го разбирам, можам да му верувам. И знаењето дека Тој е сѐ значи дека Тој ја држи власта, дека Тој не нè оставил сами, и дека сето зло ќе биде поразено.



Значи, кој е Бог? Тој е Оној Кој те создаде, Тој е Оној Кој те сака повеќе отколку што можеш да замислиш, и Тој е Оној Кој го даде Својот Син Исус Христос да умре, за да може да има вечен меѓусебен однос со тебе.



Богопознанието го менува нашето гледиште за луѓето - почнуваме да ги гледаме како вечни души, а не како привремени тела.



Богопознанието ни помага да се соочиме со тешкотите на поинаков начин. Богопознанието значи дека никогаш не треба да мислиме дека животот е вон контрола. Богопознанието нѐ зацврстува давајќи ни понизност и цел. Богопознанието му дава смисла на животот.

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Beginning A Relationship With Jesus

Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Два...

More

Благодарни сме на Дејвид Двајт, Никол Јунис и Дејвит К Кук за овој план. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/start_here/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност