Те познавам. Побожност од "Time of Grace"Примерок

Ги знам твојата љубов и вера
Сите ние сме гладни за пофалби. Слободно признај го тоа. Кога ќе направиме нешто добро или ќе помогнеме некому, очекуваме и копнееме по едно „Браво!“ или „Супер си!“ Повеќето од навистина големите дела на верата меѓутоа, се направени пред малку сведоци или можеби без ниту еден сведок. Кој ги брои часовите поминати со пациент кој страда од церебрална парализа? Кој те гледа додека го чистиш снегот од пред влезот на соседната куќа во која живее една стара вдовица? Кој те гледа додека му помагаш на зетот да си ја пополни даночната пријава бидејќи не се разбира во тие работи? А кога им носиш храна на неподвижните? А кога држиш приватни часови за дете на кое му оди тешко на училиште? А кога поминуваш еден час на телефон со еден пријател кој има самоубиствени мисли?
Бог гледа. Можеш да си замислиш како Тој гледа сè и секој пат кога ќе помогнеш некому на неговото или нејзиното патешествие, лицето Божјо се радува. Тој им напиша на христијаните од Тиатир: „Ги знам твоите дела, и твојата љубов и верата и службата, и твоето трпение, и твоите последни дела, кои се повеќе од првите“ (Откровение 2:19).
Кога Исус ја напушти земјата, Тој го испрати Својот Дух да ни даде сила за наш напредок. Тој во основа ни ја даде Неговата работа - да ја проповедаме Радосната вест за Евангелието и да го поткрепиме интегритетот на таа порака со еден живот кој прави другите да веруваат во она што го кажуваме. Не се грижи доколку твоето помагање на другите понекогаш изгледа неприметено или неценето. Оној за Кој најмногу се грижиш е апсолутно фасциниран од тоа што го правиш.

Свето Писмо
Опис за овој план

Бог нè создаде уникатно. Тој ги знае нашите таги, радости, силни страни и слабости.
More
Благодарни сме на Time of Grace за овој план. За повеќе информации, види: http://www.timeofgrace.org