Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Марко 12-13 | За Божјата љубов
Добредојдовте пак. Денес ќе разгледаме две теми кои се побиваат една со друга: религиозното лицемерие и безусловната љубов. Разликите помеѓу овие две нешта се приметливи во денешницата исто како што биле отсекогаш. Лицемерието нѐ одбива од религијата и прави да нѝ се гади неа, сепак неверојатната Божја љубов повторно нѐ повикува назад што нѐ носи до прашањето како да го помириме ова несогласување?
Приказната во овој дел од евангелието според Марко нѐ потсетува токму на разликата помеѓу овие две нешта. Учениците поминаа три години со Исус, а ние во текот на изминатите седум дена прочитавме за Исусовата приказна, што нѐ донесе до Марко 12 глава каде ќе читаме за последната недела од Неговиот живот. Местото на настанот е во Ерусалим каде биле насобрани толпи со луѓе од сите краишта на Израел со цел да го прослават празникот пасха.
Пасха е религиозна пролава на која се слави Божјото избавување од ропство и од смрт на евреите од Египетската земја преку крвта на јагнето. Сега за сега само пробај да си го замислиш целиот град спремен за фестивалот како зборува за Исус, сите со свои поделени мислења, некои вчудоневидени од чудата кои Тој ги направил и Неговото поучување, додека пак религиозните водачи кои биле лути и нервозни и гледале со презир на Исусовата сочувствителност, луѓе кои едноставно не можеле да ја разберат љубовта која Тој ја имал за грешниците.
Како е возможно некои луѓе да изгледаат толку посветено на Бог, а во исто време да бидат толку одвоени од љубовта? Тие учеле за Божјата љубов а сепак ја промашиле поентата поради што Исус ги нарече лицемери, дека го славеле Бог со устата додека срцата им биле далеку од Него (Марко 7:6) Една седмица претходно кога Исус пристигнал видел дека празникот пасха се претворил во само уште една можност да се заработат пари на грбот на луѓето.
Мое мислење е дека овој тип на конфликт постои во пракса помеѓу христијаните во денешницата. Исус нѝ заповеда да се љубиме и ние христијаните треба да сме препознатливи по љубовта, а сепак многу често сме познати по осудувачко и бесчувствително лицемерие што потсетува на оние луѓе кои Исус ги прекорувал. Не треба да биде така.
Исус повторно ја разоткрил алчноста и арогантноста на религиозните водачи поради што тие почнале да бараат причина за да го убијат за подоцна во 12 глава да го предизвикаат Исус на дијалог преку кој пробувале да го порекнат Неговиот авторитет со поставување на стапици користејки трикови поврзани со Божјиот закон. Иронијата во сето ова е дека ова го правеле луѓе кои секоја минута ја посветувале на Божјиот закон, а сепак ја промашиле суштината на истиот.
Во секој случај, таму имаше еден од нив кој се разликуваше од останатите. Погледни го 28 стих:
"И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?”"
Одлично прашање.
“‘Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ, и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!” (Марко 12:29-30 Mkb).
Значи најважната заповед не потсетува дека Господ е еден. Библијата поучува дека Бог е Таткото, Исус е Бог и Светиот Дух е Бог, сите три заедно претставуваат Господ кој заповеда дека треба да го љубиме со сѐ! Потоа Исус продолжува:
"А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!” Друга заповед, поголема од овие, нема.”" (Марко 12:31).
Што значи дека законот е вкоренет во љубовта, а не во некоја книга со правила, што укажува на Божјата волја за нас. Важна е љубовта, љуби го Бог, љуби ги другите. 32 стих:
“‘И книжникот Му рече: „Добро, Учителе, кажа според вистината дека Бог е Еден, и нема друг освен Него,”
Неверојатно. Во море од лицемери, еден човек поставува одлично прашање на кое одговорот го носи до суштината, тој покажува понизност и кога Исус ја приметува неговата мудрост му кажа, “ти не си далеку од Божјото царство.“
Примети ја разликата. Лицемерите зборуваат за законот додека срцата нивни се далеку од Бог, а овој човек се приближи до Божјото царство во моментот кога разбра дека љубовта е суштината на законот. Да го љубиме Бог и да се љубиме еден со друг.
Љубовта на која Исус нѐ повикува е револуционерна, да го љубиме соседот, грешниците и нашите непријатели. Да љубиме безусловно - со несфатлива милост и изобилно. Нашите најдобрите дела пред Бог се безвредни и празни доколку не љубиме (1 Коринтјаните 13:1-3).
Тука можеме да ја видиме и другата страна од христијанската приказна во која луѓето наместо да осудуваат се сочувствуваат, луѓето кои ги прават најневеројатните и најпожртвуваните дела што можеш да ги замислиш - се грижат за сирачињата и вдовиците, за последните и ограничените - без оглед на нивната раса, религија, пол, припадност или што и да е. Тие ги жртвуваат своите животи. Такви луѓе ме воодушевуваат бидејки тие само... знаат да љубат.
Се молам за вас да бидете благословени и да запознаете такви луѓе во вашите животи и уште поважно, ние да бидеме такви луѓе. Се прашуваш каде можеш да научиш за ваквата љубов? Само продолжи да го следиш Исус и ќе откриеш.
За размислување и дискусија:
- Што вели Исус, кои се двете најважни заповеди? (Стих. 29-31) Зошто сметаш дека овие две нешта се толку многу важни?
- Дали познаваш луѓе кои се фокусираат на Божјите закони а сепак ја промашуваат поентата на Божјата љубов? Што мислиш, како е возможно да дојде до ова?
- Дали познаваш луѓе кои зрачат со Божјата безусловна љубов преку реална и практична примена? Сподели го твоето мислење.
Опис за овој план

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!
More
Слични Планови

Живеј живот со цел!

Отстапи го на Бога првото место

Твојата најдобра инвестиција!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Ти имаш молитва!

Библија за деца

Пет молитви на понизност

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Живеј со сила и храброст!
