Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Марко 8-9 | Кој е Исус
До сега читавме за Исус и Неговите ученици кои ги виделе Неговите чуда, сочувството кое го имал за луѓето и како учениците ги слушаа Неговите поучувања, а денес во Марко 8 глава ќе дојдеме до јадрото на Христијанската вера па ќе донесеме заклучок за две основни прашања: Кој е Исус и што треба да направиш за да го следиш?
Ќе започнеме со стих 27:
“И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша учениците Свои и им рече: „За кого Ме мислат луѓето?““
Ова е едноставно прашање и појдовна точка за да дознаеш во што поточно веруваш. Истражувањето започнува со тоа што кажале другите, па гледаме дека учениците ги споделувале некои од одговорите кои ги слушнале во тоа време: некои велеле дека Исус е наново родениот Јован крстител или Илија или некој пророк.
На ист начин луѓето во денешницата искажуваат разни мислења за тоа кој е Исус. Муслиманите сметаат дека е безгрешен пророк на алах роден од девица, евреите имаат поделено мислење за Него со тоа што едни од нив сметаат дека бил добар учител, други пак дека бил еретик а трети во Него гледаат месија. Хиндуистите го почитуваат Исус како некој тип на Гуру на евреите додека пак Будистите го сметаат Исус за просветлено битие што значи дека во светот има многу идеи за тоа што е Исус кои најчесто се позитивни, но во 29 стих, Исус ја опфаќа оваа тема:
“„А вие, за кого Ме мислите?“ Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос!““
Ова е важното прашање, поради тоа што верата мора да биде лична за да добие на значење, не е доволно да се знае што другите зборуваат. Верата мора да проникне длабоко од тебе за да се запрашаш кој е за тебе Исус?
Време е да се одговори на прашањето и Петар настапува:
“Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос“”
Ова е важен момент бидејки да се биде Месија значи дека си помазаниот. Тој е Божјиот избраник што ќе ги исполни Неговите ветувања и ќе го исполни планот за спасение на луѓето. Сега во овој момент треба да разбереме дека изјавата на Петар е темел основа за верата, а додека поминуваме низ следните денови ќе истражиме малку повеќе за Божјите ветувања и пророштва кои додаваат на темата. Нашето патување со Бог започнува со тоа кој е Исус за нас.
Во 31 стих, Исус ги поучува дека Тој е Месијата...
“... „Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците”
Исус не сака учениците да бидат изненадени кога ќе видат дека Божјиот избраник е отфрлен од лицемерните водачи,
“... и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.”
Тој им кажа сѐ, дека ќе го убијат и дека ќе воскресне како што беше пророкувано со векови наназад и напишано во Исаија 53, Псалм 22 и Захарија 12. Таков е Божјиот план и следи крстот.
Интересно е дека крстот е тоа што го прави Исус како што е објаснет во Библијата различен од тоа што сите останати религии веруваат дека е. Муслиманите ја одбиваат приказната за крстот, хиндуистите веруваат дека Исус преминал во состојба на хибернација додека за Будистите кои не веруваат во грев, крстот претставува само една сурова случка.
Првенствено и Петар изреагирал слично па го тргнал Исус настрана за да го прекори, но Исус жестоко го укорува Петар зошто размислува како човек и го игнорира Божјиот начин а делување. Човечкиот разум би го спасиле добриот човек да не пострада и би дозволиле лошите луѓе да си ја добијат казната што ја заслужуваат, но ова не важеше за Исус кој живееше праведен живот и ја презеде смртта од нас грешниците со тоа што се стави на наше место.
Потоа, во 34 стих Исус објаснува што значи да се биде ученик. Читај претпазливо:
“Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.”
Доколку сакаш да го следиш Исус запамти го овој стих, ова е цената што ја плаќаат сите Христови следбеници. За да бидеш Христов следбеник треба:
Да се одречеш од себе: бидејки не можеш да се спасиш самиот себе, не си доволно добар и ти треба Исус.
Да го земеш твојот крст: поради тоа што животот не е фер. Секој христијанин носи товар, се жртвува.
И го следи Исус: таму каде што Тој те води.
Да го следиш Исус е повеќе од само да веруваш во Него, исто како што бракот е повеќе од само чувство. Следбеништвото претставува постојана обврска и завет во Неговата крв. 35 стих:
“Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби животот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси. Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?“
Многу го сакам овој стих. Знаеш што кажува Исус тука? Кажува дека за Него твојата душа е повредна од сѐ на светов, затоа напушти го светското и држи се цврсто за Исус бидејки Тој би умрел за неа. Што е за тебе највредно во животот?
Во мојот живот имам потрошено многу време спремен да оставам верата други да ја веруваат кои “веруваат во се и сешто“, но дојде ден да одлучам сам за мојата сопствена вера. Има голема разлика помеѓу доверба во бракот и да се биде во брак исто како што има голема разлика помеѓу тоа да се верува во нешто поврзано со Исус и да се следи Исус. Разликата е во посветеноста и пожртвуваноста, на кратко разликата е животот поради што секоја секунда е вредна.
Прочитај ја Марко 8 глава и одговори ги денешните прашања. Кој велиш дека е Исус за тебе и дали си спремен да го следиш?
За размислување и дискусија:
- Кој е Исус за тебе?
- Што треба да се случи за да почнеш да го следиш? Препиши го 34 стих со твои зборови значајни и релевантни за твојот живот.
- Дали вреди да се следи Исус? Препиши ги 35-36 стих со твои зборови значајни и релевантни за твојот живот.
Опис за овој план

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!
More
Слични Планови

Живеј живот со цел!

Отстапи го на Бога првото место

Твојата најдобра инвестиција!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Ти имаш молитва!

Библија за деца

Пет молитви на понизност

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Живеј со сила и храброст!
