Галатјаните 5:2-4
Галатјаните 5:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Слушнете ме сега! Јас, Павле, ви тврдам дека ако се надевате преку обрежувањето да се спасите, тогаш Христос не може да ви помогне. Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон. Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност.
Галатјаните 5:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне. А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон. Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта
Галатјаните 5:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос никако нема да ви користи. И пак му сведочам на секој човек, кој се обрезува, дека е должен да го исполни целиот Закон. Се одвоивте од Христа вие, кои сакате да се оправдате преку Законот; отпаднавте од благодатта.