Дела 11:22-24
Дела 11:22-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога за ова слушнаа луѓето од ерусалимската црква, го испратија Барнаба во Антиохија. Тој дојде и, восхитен од Божјата благонаклоност, се радуваше и ги охрабруваше сите да Му останат верни и посветени на Господ. Барнаба беше добар човек, исполнет со Светиот Дух и со силна вера. Тогаш голем број луѓе се приклонија кон Господ.
Дела 11:22-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бодреше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце. Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мноштво луѓе се припои кон Господ.
Дела 11:22-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога веста за нив дојде до ушите на црквата во Ерусалим, го испратија Варнава во Антиохија. Тој дојде и ја виде Божјата благодат, се зарадува и ги опоменуваше сите да останат во Господа со одлучно срце. Имено, тој беше добар човек, полн со Светиот Дух и со вера; и големо множество се присоедини кон Господа.